Бидете витки и здрави ова лето
Летото е годишното време за плажи, костими за капење и гола кожа. Ако сè уште планирате да изгубите неколку килограми, тоа не значи дека вашето здравје треба да трпи.

Следните совети ќе ви го зајакнат организмот, а истовремено и ќе ви намалат неколку сантиметри обем.
1. Поставете си приоритети и раздвојте ги големите цели во помали... Ако вашата цел е да изгубите 4 килограми за еден месец, поделете ја таа цел во неколку помали – да изгубите еден килограм до следната недела, па уште еден до наредната...
2. Направете план темелен врз вашите можности... Ако само кажете дека нешто сакате, во тоа нема да успеете. Важно е да направите план како таа цел ќе ја постигнете. Која храна ќе можете да ја оставите? Ќе одите ли на посебни вежби? Дали ќе примените некоја посебна диета?
3. Изјавите врзани за некаква цел секогаш нека бидат позитивни... Никогаш не кажувајте „Сакам да ослабам“, туку „Овој месец ќе изгубам 4 килограми!“
4. Замислете се со идеална тежина.... Визуализирајте што сè ќе можете да облечете ако се ослободите од вишокот килограми и како би изгледале без нив.
5. Префрлете се на здрави меѓуоброци... Од кујната исфрлете ги сите грицки, чоколади и слични заразни меѓуоброци, а наполнете ги шкафчињата со свежо овошје и нискокалорични десерти.
6. Јадете повеќе свежа храна... Што посвежа е вашата храна, толку помалку е калорична.

7. Јадете почесто... Внесувањето на храна распоредете го во 5 помали оброци. Значајно помали од оние на кои сте навикнати.
8. Пијте доволно вода... Од прилика 8 чаши дневно вода е доволната количина која стручните лица ја препорачуваат.
9. Префрлете се на чаеви и незасладени овошни сокови... Свежо цедената лимонада е многу подобра за да ги стопите неколкуте вишак килограми.
10. Пронајдете активност која ја сакате... Секој почеток е тежок, но ако пронајдете нешто што сакате, спортот нема да го доживувате како вежбање, туку како забава и опуштање.

11. Направете распоред за вежбање... Во својот планер означете ги термините за вежбање. На тој начин нема да имате простор за „Ќе вежбам утре или подоцна“, туку ќе знаете дека е точно време да се ослободите од вишокот масни наслаги.
12. Печашете... Кога и да имате можност, пешачете, не ги користете ескалаторите, станете и излезете на кафе, отидете до кај пријателите наместо да им ѕвоните на телефон...
