3 најбрзи летни диети

Одберете една од овие мини диети, придржувајте се кон препорачаната исхрана само еден ден и ќе видите како лесно се топат килограмите.

3-najbrzi-letni-dieti-1

Диета со овошје и зеленчук

Како делува: Во овошјето и зеленчукот има многу здрави сосотојки кои не содржат маснотии, како и материи кои бргу ќе ве заситат и ќе го подобрат варењето.

План на исхрана

Појадок: Еден јогурт помешајте со 300g сезонско овошје (јаболка, кајсии, праски, малини).

Ручек: 300ml  бистра супа и 300g изгмечен варен морков.

Вечера: Мешана салата од овошје и зеленчук.

Совет: Бананите и грозјето имаат многу шеќер, па затоа во текот на оваа диета обидете се да ги избегнувате. Држете се подалеку и од маслинките затоа што содржат маснотии.

3-najbrzi-letni-dieti-2

Диета со ориз

Како делува: Малите зрна ориз се многу вкусни, а содржат и многу витамини. Покрај тоа, благодарение на калиумот оризот го исфрла вишокот на вода од организмот.

План на исхрана

Појадок: Салата од сезонски зеленчук.

Ручек и вечера: Обарете 200g ориз и поделете го на две порции кои ќе ги јадете во текот на денот. Едната порција изедете ја со пире од јаболка, а втората со 300g динстан зеленчук помешан со лажиче масло.

Совет: Оризот се вари 40 минути без сол, бидејќи солта ја задржува водата во телото. Наместо сол, зачинете го со цимет, или некој друг растителен зачин.

3-najbrzi-letni-dieti-3

Диета со компир

Како делува: Компирот е иделана намирница за диета бидејќи не содржи маснотии, има многу калиум и со своите 70 калории на 100 грама создава чувство на ситост, а не дебелее.

План на исхрана

Појадок: Едно парче интегрален леб со филе лосос, или со 50g младо сирење.

Ручек: Два варени или печени компири зачинете ги по желба и изедете ги со 150g посна павлака.

Вечера: 200g компири подгответе ги со 350g динстан зеленчук (пиперка, брокула, карфиол, домат).

Совет: Компирот барете го во лушпа бидејќи под неа е сокриен Витаминот Ц кој допринесува кон слабеењето.

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...
Луѓе кои имале рак споделуваат кои симптоми посакуваат да не ги игнорирале „Ненадејно слабеење. Прво ми годеше, но набрзо сфатив дека е предупредувачки зна...
Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg