Доктор Оз - Чувствувајте се најдобро на која било возраст

Доктор Оз има 52 години и вели дека останува фокусиран на тоа да им помогне на луѓето да живеат подобро и подолго. Ги пренесува неговите стратегии за да се чувствувате најдобро што можете без оглед на возраста.

doktor-oz-cuvstvuvajte-se-najdobro-na-koja-bilo-vozrast-01

Истегнете се убаво наутро

„Истегнување од 10 минути секое утро ќе ви донесе голема корист како намалување на ризикот од срцев удар, ублажување на стресот и подобрување на циркулацијата. Ефектите може да ги почувствувате  за десет дена. Моето утринско истегнување го започнувам со колковите. Ако не можам да си ги допрам прстите, значи дека сум вкочанет. Потоа го олабавувам вратот бидејќи таму сум најнапнат. Често чувствувам замор за да ги направам вежбите со допирање на ножните прсти. Но по истегнување од 15 секунди, имам енергија да вежбам.

Мерете ја половината

Земете метро за мерење и завиткајте го околу телото над колковите. Бројот што го гледате покажува колку масни наслаги на стомачните мускули имате.  Се што е над 89 сантиметри го зголемува ризикот од дијабетис 2, висок холестерол и срцево заболување ( дури и ако индексот на телесната маса е во безбедната здрава  зона). Правете кардио вежби како на пример пешачење, трчање или возење велосипед минимум два часа неделно и можете да „стопите“ околу 3 сантиметри за шест месеци.

Појавете се порано

„Да доцните 5 минути е мала работа што создава голем стрес што може да предизвика хронични воспаленија и висок крвен притисок. Прифатете ја девизата : „ Ако не сум 5 минути порано, значи доцнам.“ Така, кога ќе се случи нешто непредвидено, доцнењето ќе се ублажи.

doktor-oz-cuvstvuvajte-se-najdobro-na-koja-bilo-vozrast-04

Бидете во контакт

Во просек, луѓето што имаат силни социјални врски имаат 50 % повеќе шанси да ги надживеат оние со помалку пријатели. Подоцна во животот, блиските врски можат да го заштитат мозокот. Поконкретно – испитувањата покажуваат дека когнитивните активности потребни за социјално дружење, помагаат за поголема острина на умот.

Одржувањето на љубовната врска може да направи чудо за вашето здравје. Еве 10 причини зошто треба да имате редовен секс:

  • Го намалува стресот
  • Ги согорува калориите
  • Го јакне имунитетот
  • Го подобрува кардиоваскуларниот систем
  • Ја јакне самодовербата
  • Ја подобрува интимноста
  • Ја намалува болката
  • Го намалува ризикот од рак на простата
  • Ги зајакнува мускуилите на кралицата
  • Помага да спиете подобро

Јадете балансирано

 Ако не можете да се контролирате со некоја храна, обидете се да ја контролирате порцијата. Прифатете дека првите неколку залчиња се секогаш највкусни. Изедете половина од оброкот, а потоа напијте се голема чаша вода.

Користете замена за сол

Преголема количина на сол може да го покачи крвниот притисок и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Затоа настојувајте да внесувате максимум една мала ( за чај) лажичка сол во текот на целиот ден. За да го подобрите вкусот на храната, наместо сол  користете различни зачини и тревки.

Внимавајте како се сончате

Користете лосион за сончање со минимум заштитен фактор 30. Мачкајте се на секои два часа на плажа или кога сте на отворено повеќе од 15 минути. Внимавајте да не добиете изгореници од сонцето.

Зелениот пијалок на Др. Оз

Др.Оз вели дека овој пијалок го пие секое утро, нарекувајќи го „свежина во чаша“.  Тоа е и ефикасно средство за детоксификација на организмот.

doktor-oz-cuvstvuvajte-se-najdobro-na-koja-bilo-vozrast-02

Потребни состојки:

  • Јаболки  - 2 средна големина
  • Целер – 3 поголеми стебленца
  • Краставица – 1 средна големина
  • Ѓумбир –  1 парче околу 1 сантиметар
  • Лимон ( со кората ) – 1 средна големина
  • Магдонос -  1 китка
  • Спанаќ – 2 шолји

Сите состојки се цедат во соковник. Ако сте почетник во користењето соковник, вкусот може да ви биде малку чуден. Во тој случај додадете уште една до две јаболки и на тој начин ќе го заблажите сокот и вкусот ќе се подобри. Ако немате свеж ѓумбир, користете пакување мелен ѓумбир што ќе го додадете во чашата сок пред да го испиете ( ставете помалку од половина лажичка мелен ѓумбир).

Исто така можете состојките да ги ставите во блендер ако немате соковник. Во тој случај се добива каша, а не сок, но сепак ги внесувате сите корисни материи. Ако користите блендер, се разбира ќе треба да ја отстраните кората од  лимунот и да го излупите ѓумбирот.

doktor-oz-cuvstvuvajte-se-najdobro-na-koja-bilo-vozrast-03

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg