Превентивни прегледи кои можат да ви го спасат животот

Редовните прегледи често доведуваат до рано откривање на некоја болест, а тоа може да биде голема предност во лечењето или пак во превентивата. Затоа, овие лекарски прегледи прифатете ги како задолжителен и неопходен дел од животoт.

preventivni-pregledi-koi-mozat-da-vi-go-spasat-zivotot-01

1. Холестерол и тригилицериди

Со мерењето на добриот и лошиот холестерол во крвта и нивниот меѓусебен однос може лесно да го предвидите ризикот од срцеви болести.

Кога да се почне: На 20 години.

Колку често: На секои 5 години. Ако резултатите покажуваат зголемен ризик, тогаш овие прегледи ќе треба да ги правите почесто.

Посебните тестови го земаат во предвид машкото и женското здравје. Докторите предложуваат да се прават редовни превентивни прегледи кои се карактеристични за одредени заболувања кај мажите или кај жените, ултразвук или мамографија за рак на градите кај жените или преглед за рак на простата, тестиси и дебело црево кај мажите.

2. Проверка на крвниот притисок

Редовно мерење на крвниот притисок е една од најважните работи што некој може да ја направи за себе. Секоја петта возрасна личност има висок крвен притисок.

Кога да почнете: Колку порано толку подобро, можете да почнете со проверки и во адолесцентниот период.

Колку често: За почеток е доволно еднаш годишно, а докторот ќе процени дали е потребно почесто.

3. Проверка за ризик од дијабетес

Потребно е да направите тест за толеранција на глукоза, кој покажува дали е нарушен метаболизмот на шеќерот.

Кога да почнете: На 45 години ако нема симптоми, ниту пак фактори за ризик. Ако личноста е со прекумерена телесна тежина или има историја на случаи на дијабетес во семејството треба да почнете да се тестира порано.

Колку често: Секои три години

4. Густина и цврстина на коските

После 50 татагодина, минералите како калциумот се губат од коските и се создаваат порозни коски поради што доаѓа до остеопороза.

Кога да се почне: На 50 години кај жените, а на 65 кај мажите

Колку често: Направете преглед еднаш, па за понатаму консултирајте се со доктор.

5. Витамин Д тест

Докторите утврдиле дека витаминот Д е клучен за да се одржат коските јаки, во борбата против ракот и разни инфекции. Многумина не знаат дека имаат ниско ниво на овој витамин во крвта, а тоа многу лесно може да се утврди со едноставен тест на крвта.

Кога да почнете: На 40 години, а ако постојат ризици за остеопороза почнете и порано.

Колку често: Иако овој тест не е препорачан за редовно тестирање, се повеќе доктори предложуваат дека после 45-та година треба да се прави анализа еднаш годишно.

6. Тест за откривање на крварење во дигестивниот тракт

Ова е тест за проверка на крв во столицата кој може да укаже на многу болести на дигестивниот тракт, вклучувајќи и рак на дебелото црево .

Кога да почнете: На 50 години

Колку често: Еднаш годишно.

preventivni-pregledi-koi-mozat-da-vi-go-spasat-zivotot-02

7. Скрининг за рак на кожа

Иако кожата е достапна и лесна за преглед, ракот на кожата се открива многу доцна. Со едноставен преглед на младежите и лезиите на кожата можете на време да ги откриете сите малигни промени.

Кога да почнете: Од почеток на адолесценцијата

Колку често: Промените можат да се прегледуваат самостојно еднаш месечно, а во случај на промена одете кај докторот.

8. Преглед на видот

Освен слабеењето на видот, тестирањето може да открие други проблеми.

Кога треба да почнете: На 18 години

Колку често: Измеѓу два прегледи треба да помине една до три години, во зависност од резултатите. Дијабетичарите треба да се тестираат почесто.

9. Тестирање на слухот

14% од возрасните меѓу 45 и 64 години го губат слухот. Ако забележите проблеми во разликување на говорот од околните звуци, задолжително треба да се направи тестирање на слухот.

Кога треба да се почне: Кога ќе се забележи промена

Колку често: Секои 10 години, пред да наполните 50 години, а потоа можете на три.

10. Проверка на штитната жлезда

Одете на тестирање на хормоните на штитната жлезда за да се утврди дали оваа жлезда работи забрзано или забавено.

Кога да почнете: На 35 години.

Колку често: Еднаш годишно

11. Скрининг на метаболитички синдром

Метаболички синдром го зголемува ризикот од дијабетес и од болести на срце. Се препорачува тестирање ако има три од пет фактори на ризик: зголемена тежина, низок холестерол, високо ниво на триглицериди, повисок крвен притисок и покачено ниво на глукоза. Во тој случај се прави тест со реактивен Ц протеин, кој може да даде информации за сите овие болести.

Кога да почнете: На 50 години

Колку често: Секои три до пет години, но ако има потреба и почесто.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg