Како да го користите оцетот за нега на лицето?

Природниот оцет е еден од најпознатите природни козметички состојки кои ни се на располагање, а уште е и евтин и лесно достапен.

kako-da-go-koristite-ocetot-za-nega-na-liceto

Оцетот го има во сите кујни, а неговата употреба на лицето е сигурна, со оглед на тоа дека е природен производ. Ако сакаме подобри резултати ќе мора да се користи на правилен начин.

Еве едноставни и ефикасни начини како да се користи оцетот на лицето.

Адстрингент

Една од најпознатите козметички предности на оцетот е дека е одличен адстрингент. Оцетот е природен адстрингент кој помага при затворање на порите. Откако ќе го исчистите вашето лице, нежно избришете го со памук натопен со јаболков оцет.

Го отстранува исончаниот тен

Оцетот е познат како средство кое го отстранува исончаниот тен. Тој има моќ како и лимонската киселина, па поради тоа помага при отстранување на тенот. Откако ќе се вратите од сончање, натопете памук со оцет и избришете го лицето. Можете да додадете и малку сок од домат во оцетот за ова средство да биде поефикасно.

Ги лечи акните

Оцетот дефинитивно е чистач. Една од главните користи на оцетот е да ги лечи акните на лицето. Бидејќи оцетот е цитрус по природа, тој има способност да и убие заразните бактерии на кожата. Измешајте оцет со масло од сандаловина и нанесете го на лицето. Оваа маска е исклучително ефикасна за лечење на акни и лузни.

Против стареење

Употребата на оцетот на лицето има некои својства и против стареењето. Оцетот може да го забави стареењето на кожата. Измешајте мед и оцет и нанесете ја оваа смеса на вашето лице. Држете ја 10 минути и исплакнете со млака вода. Тоа ја спречува појавата на бори и старечки дамки.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg