Ослабете со помош на течности

Без течности ништо не функционира. Седумдесет проценти од човечкиот организам го сочинува водата, која игра значајна улога во метаболизмот, поттикнувајќи го транспортот на кислород и хранливи материи преку крвта.

oslabnete-so-pomos-na-tecnosti

Само незначителен недостаток на вода во организмот може да предизвика чувство на исцрпеност, а покрај тоа и почесто се чувствува глад.

Луѓето кои земаат доволно течности без проблем ја одржуваат линијата. Ако сакате да ослабите, водата ќе ви помогне во тоа. Водата е неопходна за од организмот да го исфрлите вишокот на маснотии.

Водата е вистински благодет за нашиот организам.

1. Вода
Водата не содржи калории, а богата е и со минерали. Бидејќи му потпомага метаболизмот на маснотии, луѓето со вишок на килограми би требало да пијат сразмерно повеќе вода.

2. Сок
Благите овошни сокови и лимонадата содржат околу 10 проценти шеќер, што значи 100 грама, односно 400-500 калории по литар сок. Сокот е вистински мал оброк.

3. Чај
Растителните и овошните чаеви ја гасат жедта, речиси не содржат калории (една шолја има една калорија) и главно имаат благотворно дејство.

4. Кафе
Кофеинот го поттикнува метаболизмот, но наместо да го снабдува организмот со течност, тој допринесува за нејзино елиминирање. Со кафето секогаш испијте и една чаша вода.

5. Млеко
Млекото со ниска содржина на маснотии (1,5%) има речиси половина помалку калории од полномасното млеко (3,6%) и исто толку минерални материи.

Би можело да ве интересира:

Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg