Здрава коса во 9 чекори

Овој рецепт ја регенерира косата од корен до краевите и делува кај сите типови коса. Потребно е само да се следат овие девет чекори.

zdrava-kosa-vo-9-cekori

1. Масажата на главата е многу важна во овој процес. На чиста шампонирана коса ставете крпа за да ја засуши косата, потоа масирајте ја кожата на главата со дестилиран оцет 15 минути. Енергично тријте со врвовите од прстите. Потребно ви е од прилика еден филџан оцет.

2. Немојте да плакнете. По масажата, земете лажица масло од рузмарин (кое инаку се користи за подобрување на растот на косата) и масирајте ја главата. Ако имате густа коса, додајте уште една лажица масло од рузмарин. Докажано е дека маслото од рузмарин ги стимулира фоликулите на косата, па ако фоликулите се здрави, ќе биде здрава и косата. Сè уште немојте да ја плакнете косата!

3. Откако сте го измасирале коренот на косата и сте ја подобриле циркулацијата, земете кокосово масло и намачкајте ги рацете.

4. Нежно нанесете го кокосовото масло со рацете од краевите кон коренот на косата, но не до самиот корен, туку некои 5 сантиметри до него. Немојте да нанесувате премногу кокосово масло на рацете затоа што тешко ќе го исплакнете. Кокосовото масло е подобро од маслиновото бидејќи подобро продира во косата.

5. Користете капа за туширање и преспијте со сето тоа што сте го нанеле на главата. Можеби ќе чувствувате благо пецкање на главата, но таа така ќе биде освежена.

6. Наутро нежно измијте ја косата со шампон, но немојте да користите регенератор.

7. Овој процес повторувајте го два до три пати неделно, во зависност од тоа колку ви е оштетена косата.

8. Овој третман применувајте го најмалку еден месец, а најмногу 6 месеци и фоликулите ќе бидат регенерирани, а косата поеластична.

9. На фризер скратете ја косата за да ги отстраните расцветаните краеви. И понатаму можете да користите препарати за коса во текот на овој третман, но и без нив косата ќе ви биде еластична и здрава. Фрлете ги скапите производи за коса и едноставно пробајте го овој третман.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg