Од пржената храна побрзо се старее

Постојат многу начини за да пресметаме колку сме здрави, од холестеролот до индексот на телесната маса. Но, научниците тоа не го сметале за доволно, па смислиле апарат кој за само неколку секунди може да ја измери староста на вашиот организам.

od-przenata-hrana-pobrzo-se-staree-01

Сето тоа врз основа на факторот кој симболично е наречен AGE, како скратеница од Advanced Glycation End-products.

Тоа е соединение кое може да го забрза стареењето, а настанува за време на подготвувањето на храната на висока температура, како последица од реакцијата на јаглените хидрати со протеини и масти. Компанијата која ова го смислила, тврди дека AGE е подеднакво важен како и холестеролот или крвниот притисок и дека секој би требало да знае колкава количина од овој „отров“ има во крвта.

Нашиот организам апсорбира AGE преку храната и во поголеми количини може да предизвика брчки и опуштена кожа, бидејќи го оштетува колагенот и еластинот.

Како да го намалиме ова соединение во организмот?

Со промена на животните навики, а пред сè оние во кујната. Пржење, варење и печење храна на висока температура создава повеќе AGE, отколку готвењето на пареа, динстање и обарување на пониска температура. Во суштина, колку е повисока температурата и колку подолго термички се обработува некоја храна, толку е понездрава.

Со оглед на тоа што ова соединение е дел од нашиот организам, многу е важно и редовното вежбање. Ако успееме да согориме малку шеќер во крвта, ќе има помалку AGE. Освен тоа, се препорачува и редовно спиење, избегнување на алкохолот и цигарите како и намалување на стресот.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg