Дневна доза здравје: Домашна витаминска салата
Наместо да се мислите што да испржите за ручек, денес сменете ја таа навика и подгответе си витаминска салата.

Наведените состојки се по желба, што значи дека може да варираат во зависност од тоа што смеете, а што не смеете да јадете.
Состојки за 2 лица:
- 1 зелена салата
- Малку исечкана зелка
- 5 лажици пченка
- 100g леблебија
- 1 свеж домат
- 5 лажици темен, сварен грав
- 5 ротквици
- Оцет, сол, масло
- Јогурт како прелив
Подготовка:
Сите состојки добро измијте ги и исечкајте ги во голем сад. Потоа посолете и зачините по желба, а потоа салатата прелијте ја со маслиново масло, оцет и јогурт.
Добро промешајте и салатата е готова. Препорака е салатата да ја јадете со тост леб премачкан со безмасен намаз.

Би можело да ве интересира:
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк?
Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот
Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца?
Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите
Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда
Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите?
Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...
