Појадоци кои го поправаат секое расположение

Иако големото пакување сладолед од карамела ви изгледа највкусно кога сте тажни, постојат намирници кои значително може да ви го подобрат денот, уште од самиот почеток.

pojadoci-koi-go-popravaat-sekoe-raspolozenie-01

Доколку и денес се разбудите со стрес или мрзоволност, еве што треба да подготвите:

Појадок за стресно утро - Темна чоколада

Звучи премногу вкусно за да биде вистина, но само темната чоколада може да го намали нивото на стрес во вашето тело. Затоа, наместо да се штедите, дозволете си порција снегулки или житарки измешани со рендана темна чоколада и овошје.

pojadoci-koi-go-popravaat-sekoe-raspolozenie-02


Појадок за поголема концентрација - Салата од спанаќ

Не можете да се концентрирате, тешко ви е да ги задржите очите отворени, а да сработите нешто повеќе е незамисливо? Прескокнете го кафето и појадувајте салата од свеж спанаќ, која може да ја комбинирате со мала количина на интегрални тестенини и јогурт или павлака. Фолната киселина прави чуда за крвотокот и вашиот мозок.

pojadoci-koi-go-popravaat-sekoe-raspolozenie-03


Појадок за мрзеливо утро - Јаболка и путер од кикирики

Ако уште од рано наутро се разбудите со недостаток на енергија, тоа лесно може да го надополните со јаглехидрати и протеини. Одлична комбинација се 2 свежи јаболка пресечени на четвртини, премачкани со путер од кикирики.

pojadoci-koi-go-popravaat-sekoe-raspolozenie-04


Појадок за депресивно утро - Сендвич со лосос

Се грижите за парите, кариерата и семејството? Депресивноста ве престигна уште од рано наутро, па ниту еден разговор ви се чини дека не ви помага? Вложете во половина час за себе и добар, хранлив појадок. Подгответе си сендвич со лосос и свежа салата. Појадокот богат со омега-3 масни киселини е докажан лек против целодневната депресија.

pojadoci-koi-go-popravaat-sekoe-raspolozenie-05


Појадок за тажно утро - Житарки и млеко

Погрижете се тагата да не ја пополните со шеќери, туку со витамин Д. Недостатокот на витамин Д е главниот причинител за вашето лошо расположение, па затоа внесувајте поголемо количество на житарки, млеко и сок од портокал, кој е исто така богат со овој витамин.

pojadoci-koi-go-popravaat-sekoe-raspolozenie-06

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg