6 факти дека кикириките се здрави

Кикириките се солено задоволство и зараза. Одлично се вклопуваат како мезе со пиво додека гледате спортски натпревар или одлична замена се за чипсот додека гледате некој филм.  Покрај тоа што се вкусни, може да бидат и многу здрави.

6-fakti-deka-kikirikite-se-zdravi-01

1. Кикириките го снижуваат холестеролот

Иако спаѓаат во производите кои содржат високо количество на масти и калории, бројни студии покажале дека кикириките може да делуваат превентивно на срцевите заболувања и да го снижат холестеролот и триглицеридите, без покачување на телесната тежина.

2. Го регулираат нивото на шеќер во крвта

Путерот од кикирики може да го одржи стабилното ниво на шеќер во крвта во текот на денот, ако овој производ сте го земале за појадок. Позитивниот ефект нема да изостане ни подоцна во текот на денот ако ги консумирате и за време на ручек.

3. Го намалуваат апетитот

Кикириките го намалуваат апетитот, но влијаат и на зголеменото лачење на хормонот PYY кој го предизвикува чувство на ситост.

6-fakti-deka-kikirikite-se-zdravi-1

4. Содржат „добри“ масти

Покрај тоа што позитивно влијаат на губењето вишок килограми, кикириките се богати и со т.н. „добри“ масти кои позитивно влијаат на здравјето на срцето или целокупното здравје.

5. Ја зголемуваат концентрацијата и способноста за памтење

Кикириките содржат витамин Б3, кој покрај бројните лековите својства познат е и по тоа што помага нормално да функционира мозокот и ја зголемува способноста за памтење и меморија.

6. Содржат витамини

Во секое зрно кикирики има многу хранливи состојки кои делуваат позитивно на вашиот имунитет и општото здравје. Кикириките содржат единствени биоактивни состојки кои делуваат како антиоксиданти и се превентивни за многу болести. Богати се со витамини како Б1, Б3, Е, магнезиум, цинк, железо, калциум, манган.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)? Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg