Здрава ужина за секој работен ден

Појадокот кој го консумирате рано наутро не може да ве одржи сити додека стигнете дома за ручек, па добро би ви дошла некоја ужина околу 14 часот поладне.

zdrava-uzina-za-sekoj-raboten-den-01

Доброто кај оваа ужина е што нема потреба да ја чувате во ладилник, па каде и да ја оставите ќе ве чека повторно следниот ден подготвена за консумирање.

Освен што ќе ве засити, оваа храна ќе ве одржи будни, свежи и најважно од сѐ здрави:

Разновиден микс

Но не било каков туку гледајте да биде оној кој не содржи преголемо количество на шеќер, бои и конзерванси. Читајте ги состојките впишани на амбалажата на разновидниот микс, а најдобро е да го набавите истиот од продавниците за здрава исхрана.

Здравиот разновиден микс за грицкање треба да содржи кикирики, семки од тиква, сушени кајсии, суво грозје...

Можете и сами да направите свој разновиден микс според вашиот вкус и ќе добиете здрав и хранлива ужина.

zdrava-uzina-za-sekoj-raboten-den-02

Интегрални грисини

Наместо да трошите двојно повеќе пари на или грисини кои се преполни со бои и конзерванси купете си интегрални грисини.

Интегралните грисини во својот состав ги вклучуваат кафеното брашно, лен семињата и сусамот, кои се навистина здрава комбинација.

Темна чоколада

Оваа чоколада не само што е поевтина од обичната туку таа е и далеку поздрава. Погодна е за оние кои држат диета, а сепак сакаат да каснат нешто слатко во текот на денот.

Колку повисок процент на темно какао содржи чоколадата толку подобро. Оваа чоколада ги содржи сите здрави состојки кои ви се потребни, а со нејзиниот сладок вкус ќе можете да одолеете на слатките преполни шеќери.

Овошје кое можете да го носите со вас

А за истото не ви е потребен фрижидер. Јаболкото, мангото, бананата, крушата се само мал дел од витаминското овошје кое ви е потребно во текот на еден ден, а особено во летниот период.

Овошјето е природен пат за да стигнете до хидратација на вашето тело, но и клучна алка во убавината и физичкиот изглед.

zdrava-uzina-za-sekoj-raboten-den-03

Природни бонбони и мастики

Понекогаш не можеме, а да не џвакаме нешто. Па доколку сте од оние кои кога се нервозни импулсивно консумираат храна, тогаш набавете си природни бонбони или мастики кои не содржат шеќери.

Доколку почувствувате глад, напијте се една чаша вода и земете една гума за џвакање или бонбона и проверете дали сте навистина гладни или вашиот стомак алармира на нешто друго.

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg