Зошто е добро да jадете сладолед?

Слатко ледено задоволство кое може да нè освежи, но и кое може добро да влијае на нашето здравје. За многумина сладоледот е омилено летно благо во кое уживаат секојдневно.

zosto-e-dobro-da-se-jade-sladoled-01

Додека некои бројат калории, добро е да се знаат и здравствените придобивки од вкусниот ладен сладолед.

Богат е со калциум

На возрасните луѓе дневно им е потребно околу 1.000 mg калциум, додека трудниците и децата имаат зголемена потреба за овој минерал. Поради млекото и слатката павлака како основни состојки за производство на сладоледот, одлично служат како еден од изворите на калциум, како и витамините А и Б.

Помага во одржување на телесната тежина

Поради вредноста на шеќерот и млечните масти, идеално изладениот сладолед на -6°C се смета за убиец на добрата линија. Но, некои студии тврдат дека калциумот ја намалува неговата калориска вредност која изнесува помеѓу 125 и 300 калории на 100 гр.

Богат е со витамини и антиоксиданси

Овошниот сладолед кој се подготвува од смрзнато или свежо овошје содржи многу витамини, додека оној со вкус на кафе и чоколадо, доколку се подготвував од вистински зрна кафе и какао, обезбедува доза на антиоксидансот полифенол, кој го штити срцето.

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg