Со тропското овошје до драстично подобрување на здравјето и расположението

Со консумирањето на јужното или тропско овошје вие значително си го подобрувате вашето здравје.

so-tropskoto-ovosje-do-drasticno-podobruvanje-na-zdravjeto-i-raspolozenieto-1---

Без разлика дали го јадете сирово или зготвено, ова овошје содржи богат склоп на витамини кои му се потребни на нашиот организам особено во периодот кога температурите растат.

Нутриционистите најмногу предупредуваат на големата вредност кое тропското овошје ја носи и тие велат дека најдобро е овошјето да се јаде пред секој оброк.

Денеска десертите со ова овошје или овошните купови стануваат сѐ повеќе популарни во рестораните, а подолу можете да ги прочитате сите предности од тропското овошје:

Ананас

Ова ниско калорично овошје содржи големо количество на витаминот А и Ц и со негово редовно консумирање не само што си го подобрувате вашето здравје туку и расположението. Ананасот содржи ензим кој е сличен на оној кој го имаме во нашиот желудник и токму поради тоа тој помага во побрзо варење на храната.

so-tropskoto-ovosje-do-drasticno-podobruvanje-na-zdravjeto-i-raspolozenieto-2---


Банана

Бананата е овошје кое најмногу го употребуваме во домашно приготвените колачи, со оглед на фактот дека токму ова тропско овошје нам ни е најлесно пристапно и најпознато. Богата со протеини, минерали и витамини бананата има и уште едно својство кое сигурно досега не сте го знаеле, а тоа е поттикнување на нашиот организам да лачи повеќе од хормоните за среќа.

so-tropskoto-ovosje-do-drasticno-podobruvanje-na-zdravjeto-i-raspolozenieto-3


Грејпфрут

Најдобро е ова овошје да го консумирате сирово, бидејќи во текот на готвењето губи 90 % од своите корисни својства. Содржи големо количество на витамини и има одличен вкус кога од него подготвувате свежо исцеден сок. Грејпфрутот е најдобро да се консумира на гладен желудник бидејќи позитивно делува врз подобрување на работата на дигестивниот систем.

so-tropskoto-ovosje-do-drasticno-podobruvanje-na-zdravjeto-i-raspolozenieto-4


Лимон

Ја смирува главоболката, го подобрува метаболизмот и го зајакнува имунитетот, а делува и како антиоксиданс. Пијте свежо исцеден сок од лимон секое утро и ќе почувствувате значително освежување и повеќе енергичност во текот на целиот ден.

so-tropskoto-ovosje-do-drasticno-podobruvanje-na-zdravjeto-i-raspolozenieto-5


Киви

Ако сте изложени на стрес, тогаш набавете си киви бидејќи тие делуваат како седатив. Освен тоа, ова овошје го регулира крвниот притисок и го штити вашиот вид. Тропското овошје киви, не содржи никакви маснотии и помага при намалување на холестеролот и воопшто во зајакнување на имунитетот. 

so-tropskoto-ovosje-do-drasticno-podobruvanje-na-zdravjeto-i-raspolozenieto-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg