Дерматолозите откриваат: 10 Митови поврзани со кожата

Кога станува збор за кожата, сигурно се водите според одредени правила кои некаде сте ги чуле или прочитале.

dermatolozite-otkrivaat-10-mitovi-povrzani-so-kozata-1

Вашата кожа не е отпорна на надворешните влијанија и промени, затоа таа не само што бара дополнително третирање, туку ја бара и вистинската нега.

Прочитајте ги овие 10 мита поврзани со кожата, во кои сигурно ќе се пронајдете и себе. Дознајте ги вистинските одговори директно од специјалистите: 

1. „Мојата кожа ќе остари подеднакво како и кај мојата мајка...таква ни е генетиката”

Промената на вашата тежина, промената на храната и динамиката на животот може да ја направи вашата кожа сјајна, но и да ја изгуби својата убавина. Од друга страна пак, она што го имаат вашите родители вие може да го наследите порано или подоцна, но истото би можело и да ве заобиколи како генерација. Затоа, одржете го она што ви е подарено, а поправете го останатото навреме.

2. „Ако ја подготвам кожата во солариум, тогаш сонцето нема да може да ѝ наштети”

Доколку сакате да ја заштитите кожата во текот на летниот период, кога сонцето е најсилно и најштетно, подгответе ја со помош на креми и лосиони специјализирани за таа намена. Кожата ќе потемнува во зависност од пигментот, а вие ќе заштитите од иритации, црвенила и од предвремено стареење.

3. „Моите акни се предизвикани од храната”

Кога станува збор за акните често ги окривуваме хормоните, стресот, брзата храна и разните слатки. Но, најголемата грешка се прави при лекувањето на акните. Најважно е да делувате локално, а не да го сушите целото лице, бидејќи така си правите поголема штета.

Понекогаш лекот ќе го пронајдете во поскапиот, а некогаш во поевтиниот производ, но без разлика тој треба да биде препорачан од лице кое се разбира од состојките кои тие производи ги содржат. Со вистинскиот препарат и малку обрнување внимание кон поздрава храна, повеќе нема да се соочувате со овој проблем.

4. „100% природните производи за нега на кожата се најдобри”

Здравата кожа треба да ја третираме со нешто што е природно и здраво, но проблематичната кожа мора да се лекува. Луѓето често се нетрпеливи и сакаат веднаш да го решат проблемот кој го имаат. На природните производи им е потребно многу подолго време да го решат проблемот.

dermatolozite-otkrivaat-10-mitovi-povrzani-so-kozata-2

5. „Бројот на заштитниот фактор е еднаков на јачината на заштита на кожата”

И да и не. За да не се грижите премногу секогаш користете производи кои имаат УВА и УВБ заштита. Кога поминувате повеќе време изложени директно на сонцето тогаш ви е потребен препарат со поголем фактор, но кога излегувате на прошетка тогаш можете да користите и млеко за сончање со послаб фактор.

6. „Бричењето влијае врз густината и цврстината на влакната”

Факт е дека бричењето не влијае врз густината и дебелината на влакната.

7. „Ако сакам убава кожа, мора да пијам по 8 чаши вода дневно”

Во ниеден случај не треба да ја избегнувате навиката за внесување доволно течности во организмот. Но, не очекувајте некоја драстична промена кога станува збор за кожата. Освен течности, потребно ви е квалитетен сон и здрава исхрана.

8. „Не грижи се ако заспиеш со шминка на лицето”

Напротив, бидете загрижени! Во ред е ако се случува ретко кога сте навистина уморни, но сепак не си дозволувајте тоа да прерасне во навика. Можеби не сега, но во иднина вашата кожа ќе ви врати со брдо негативни ефекти.

dermatolozite-otkrivaat-10-mitovi-povrzani-so-kozata-3

9. „Сигурно новиот производ за поубава и поздрава кожа ќе ми помогне.”

Никогаш не одбирајте производ само затоа што сметате дека би можел да биде подобар од оној кој веќе го користите. Секогаш користете продукти според моменталната ситуација на вашата кожа.

10. „Мојот општ лекар може да ми ја прегледа кожата и да ми помогне”

За специјален проблем треба да ви помогне специјалист во својата област. Кога имате проблем со косата, кожата и ноктите тогаш посетете дерматолог. 

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg