4 начини да се ослободите од забоболката

Речиси една од најнеподносливите болки е забоболката. Доколку се најдете во ваква ситуација добро е да знаете да примените некој од триковите, за брзо да го смирите местото, додека не најдете забар.

4-nacini-da-se-oslobodite-od-zabobolkata-01

Мраз

Еден од наједноставните и најефикасните домашни третмани против забоболката се неколку коцки мраз замотани во крпа и допрете ја до лицето на местото каде што ве боли забот. Мразот ќе ви помогне за да се смири забниот нерв, а со тоа и болката. Овој трик помага и при некои отоци.

Издробете аспирин

Апчето издробете го додека не стане како прав, а потоа со прстот нанесете на болниот заб. Доколку е напукнат водете сметка за правот да ги допре сите пукнатини. По 20 до 30 минути би требало да почувствувате олеснување.

Алкохол

Пиењето алкохол нема да ви помогне, но голтка алкохол која ќе ја задржите во усната шуплина, односно на болниот заб, може да ви ја олесни ситуацијата. Се препорачува тоа да биде некој жесток пијалак. Алкохолот ја умртвува болката.

Солена вода

Лажичка кујнска сол промешајте во чаша топла вода додека целосно не се растопи. Отпијте една голтка и чувајте ја во устата околу една минута, а потоа плукнете ја. Повторете ја постапката додека не ја испразните чашата.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg