8 Неочекувани знаци кои сигнализираат дека ви недостасува сон

Сонот е клучен за нашето здравје и исто толку важен како здравата храна и водата која ја пиеме.

8-neocekuvani-znaci-koi-signaliziraat-deka-vi-nedostasuva-son-1

Овие неколку знаци ви алармираат дека не спиете доволно, иако можеби вие го сметате спротивното.

Сепак, мора да знаете како да ги забележувате овие 8 неочекувани знаци и да се потрудите да си обезбедите повеќе квалитетен сон:

1. Заспивате веднаш штом ќе легнете

Можеби вам ова ви се чини како сосем нормално, но заспивањето во истиот момент кога сте легнале сигнализира на недоволно количество сон. Доколку заспиете во рок од 5 минути откога ќе легнете, тогаш спаѓате во групата на хронично ненаспаните луѓе.

2. Поимпулсивни сте од вообичаено

Колку помалку спиете, толку повеќе станувате импулсивни. Тоа е така бидејќи, со недоволниот сон најмногу страда областа во вашиот организам одговорна за визуелно управување, расудување, контрола над импулсите и вниманието.

3. Монотонија во разговорите

Доколку забележите дека се изразувате во некои општопознати фрази, тоа може да биде уште еден знак дека ви недостасува сон. Предниот дел од нашиот мозок е поврзан со говорот, конструктивното мислење и креативноста и врз него големо влијание има сонот. Ненаспаните луѓе водат спонтани разговори и нивниот разговор е често монотон и преполн со фрази.

4. Заборавате

Ако започнете да заборавате работи кои ги правите секојдневно, како на пример заборавање на мобилниот телефон дома или повеќе пати проверувате една иста работа, тоа асоцира на неквалитетен сон. Сонот влијае врз помнењето, а без доволно одмор вашето помнење слабее.

8-neocekuvani-znaci-koi-signaliziraat-deka-vi-nedostasuva-son-2

5. Чувство на глад

Недоволното количество сон го зголемува апетитот, бидејќи влијае врз два хормона: лептин и грелин. Лептин хормонот праќа информација до вашиот организам кога сте внеле доволно храна, а хормонот грелин кои испраќа сигнали кога сте гладни. Кога не спиеме доволно, се губи рамнотежата меѓу овие два хормона, односно нивото на хормонот летпин е намален, а нивото на хормонот грелин се зголемува.

6. Ја прочитавте оваа реченица два пати

Неможноста да се концентрирате е сигурен знак кој ви зборува за недостаток од сон. Освен тоа, ако забележите тешкотии во донесување одлуки, доколку рефлексите ви се послаби и сте невнимателни во текот на возењето тогаш мора да спиете повеќе.

7. Несмасни сте

Некои луѓе се природно несмасни, но кај некои недостатокот на сон им влијае врз моториката и способностите како држењето рамнотежа и невниманието со одредени работи.

8. Полесно се впуштате во кавги

Според истражувањата, паровите кои не спијат доволно се почесто склони кон кавги, за разлика од останатите. Недостатокот од сон го отежнува управувањето со конфликтите, како и нивното избегнување.

Препознавте некои од овие симптоми кај себе?

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg