За подобро здравје: Научете да медитирате со помош на овие три трикови

Луѓето кои редовно медитираат тврдат дека духовното опуштање им го спасило животот и своето здравје и среќа го должат токму на медитацијата.

za-podobro-zdravje-naucete-da-meditirate-

Ако мислите дека нема да успеете да медитирате, пробајте повторно. Медитацијата не само што ќе ве одржи здрави и среќни, туку и ќе ви ја врати креативноста и мотивацијата на голема врата.

За почеток, проучете го овој краток водич во 3 чекори:

1. Најдоброто време за медитација

Утрото и ноќта се совршени за медитирање, бидејќи тогаш вашето тело е во полесен ритам. За почеток ви е доволно да издвоите од 1 до 5 минути и за брзо време сами ќе ги забележите резултатите.

Доколку не сте утринска личност, тогаш медитирајте навечер. Можеби утрото и ноќта се најдобри за медитација, но вистинско време е тогаш кога вие ќе посакате.


2. Смирување на хаосот

Најдобар начин да ги смирите мислите кои ве напаѓаат за време на медитацијата е да ги пуштите да поминат низ вас. Може било што да ви падне на ум, но тоа исто така лесно може и да помине, само потребно е да се препуштите.

Некои луѓе ги замислуваат своите мисли во облик на облак и ги пуштаат кон небото за да лебдат заедно со останатите. Откога мислите ќе заминат, концентрирајте се на природниот ритам на своето дишење.


3. Медитирање во друштво

Поврзувањето со туѓата позитивност и енергија ја прави медитацијата одлична за повеќе луѓе. Многумина одбираат да медитираат во друштво, отколку тоа да го прават сами.

После медитацијата, ќе се чувствувате повеќе поврзани и затоа е најдобро да пробате да медитирате со некој кој ви е близок за да ја засилите блискоста. 

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg