Секоја промена на косата крие здравствен проблем
Промените на косата можат да бидат предизвикани од разни причини, но понекогаш и тие можат да бидат знаци за некој здравствен проблем.
Не треба да ги занемарувате знаците кога ќе забележите дека ви паѓа повеќе коса од вообичаеното, ви станува многу помасна или многу посува.
Промените може да бидат големо предупредување:
1.Сува и кршлива коса
Оваа појава може да се случи поради употребата на разни средства за нега, но и знак за дехидратација. Екстремно сувата и крута коса претставува симптом за проблемите со штитната жлезда. Се препорачува внесување на поголема количина витамин Д, минерали и омега 3 киселина.
2. Првут
Понекогаш може да биде вообичаена појава која лесно се решава со шампони и средства за отстранување на првутот, но доколку неговата појава е почеста и во поголемо количество, тогаш може да биде знак за ослабен имунолошки систем. Потребно е да се одморате и да избегнувате стресови кога можете. Најдобро е да посетите дерматолог и да користите посебен медицински шампон кој содржи салицилинска киселина.
3. Проретчена коса
Околу 30 отсто од жените во менопауза имаат проретчена коса, која се случува заради хормонските промени. Овој проблем делумно може да се реши со дополнително земање хормони или пресадување на коса.
4. Прерано белеење на коста
Стресот, начинот на исхрана и хормонскиот статус се фактори кои влијаат на оваа појава. Кога сте под стрес организмот троши повеќе витамин Б и тоа предизвикува белеење на коста. Во ретки случаи седата коса може да биде знак за дијабетес или проблеми со тироидната жлезда.
5. Кратка коса на темето и ретка на челото
Штом ви се појавуваат само мали влакна на темето кои го попречуваат растот и на другите влакна, тоа значи дека не внесувате доволно протеини, па косата не е доволно отпорна. Проретчувањето на косата околу челото и слепоочниците е поради честото затегнување на косата во коњско опавче.
6. Опаѓање на косата
Опаѓањето не им се случува само на постарите мажи, туку и на жените поради недостатокот на хранливи материи. Оние кои имаат полицистични јајници може лесно да се соочат со овој проблем. Покрај тоа, може да се забележи поголема концентрација на влакна на нозете, рацете и градите.
Би можело да ве интересира:





