Како да пиете алкохол на здрав начин?

На сите добро ни е познато дека алкохолот создава зависност, дека е висококалоричен, но и дека негативно се одразува врз организмот.

u2_moderate_alcohol_boost_social_bonding.jpg

Сепак, кога на ред се празниците и собиранките, тој е неизоставен елемент од секое славање.

Умереноста е важна во сè, и тоа веќе одамна го знаеме. Затоа, денес конечно ќе научите како да ја искомбинирате со алкохолните пијалаци на вистинскиот начин без да претерате.

Никако не пијте кога сте гладни

Не одете на забава мислејќи дека таму ќе има јадење. Ако додека пиете паралелно јадете, нема да ја контролирате количина на храната која ја внесувате. Делумно затоа што сетилата ќе ви се помешаат, делумно затоа што влијанието на алкохолот ќе ве натера да им се препуштите на грицките кои се пред вас кои го отежнуваат варењето во стомакот.


Победете го мамурлакот со храна

Ако се разбудивте со мачнини и главоболка после пијанство, тоа не е знак дека треба да се изгладнувате, туку дека треба да го вратите балансот во телото. Важно е да пиете многу течности, да внесете многу витамини и хранливи состојки кои вообичаено ги обожавате.


Избегнувајте ги грицките

Иако кога сте пијани во кесата чипс која стои пред вас не планирате да ги изброите калориите, сепак би требало два пати да размислите. За време на пиењето треба да се тргнете подалеку од храна која не е ваш редовен оброк.


Коктелите не се добар лек за депресија

Преголемата количина на коктели е еднакво лоша како и преголемата количина чоколадо. Можеби моменталниот ефект е подобро расположение, но огромните осцилации на шеќер во крвта на крајот ќе ве доведат до лошо расположение и раздразливост.


Правете паузи од пиење

Ако имате навика да пиете пиво после работа, пробајте да паузирате 1 недела. Ако секоја сабота пиете огромни количини жесток алкохол, променете ја навиката и излезете без да се подготвувате со шотови и вотка. Ако имате проблем со овие паузи тоа е првиот знак дека сте на добар пат кон зависност од алкохол, што е загрижувачки.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg