Ова може да биде опасно: Грешки кои сите ги правиме во тоалетот

Во тоалет одите повеќе пати дневно, па сигурно си мислите дека многу добро знаете што треба да правите. Но, несвесно и без разлика на возраста, некои работи сè уште ги правите на погрешен начин.

ova-moze-da-bide-opasno-greski-koi-site-gi-pravime-vo-toaletot.jpg

Внимавајте овие 5 грешки може да бидат опасни по вашето здравје:

1. Седите предолго

Ако имате проблем со тврда столица подобро е да прошетате, па да се вратите отколку да седите до минути. Шетањето многу подобро ќе ги стимулира цревата отколку постојаното напрегање. Плус, со самото седење на школката ризикувате да ви се вкочани целото тело.


2. Претерано бришење

Не треба да штедите на тоалет, но не треба ниту да претерувате со него. Претерано силното и интензивно бришење на интимните делови може да доведе до воспаленија и иритации. Затоа подобро е да користите влажни марамчиња отколку 10 слоја хартија.


3. Употреба на сушара за раце

Или со друго име - распрскувач на бактерии. Одамна е докажано дека сушарите за раце шират 27 пати повеќе бактерии отколку хартиите. Научниците открија дека бактериите во воздухот опстојуваат и по 15 минути, така што многу подобра опција е да ги избришете рацете со тоалет.


4. Се бришете во погрешна насока

Тоа е нешто што го правите откако излеговте од пелени, но можеби уште не сте го усовршиле знаењето. Посебно девојките и жените треба да внимаваат и да се бришат од напред кон наназад. На тој начин го намалувате ризикот од бактерии и инфекции за околу 70%.


5. Премногу сте чисти таму доле

Само затоа што се произведуваат безброј производи кои ќе ви ги одржат чисти интимните делови, не значи дека сите треба да ги користите. Посебно вагината никако не смее да е претерано „намирисана“ затоа што на тој начин ја нарушувате природната киселост. Ако сте склони кон инфекции и иритации, доволно е да го користите ладниот воздух од фенот за да се ослободите од претераната влага.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg