6 Работи кои ја прават вашата вагина тажна

Покажете и на вашата вагина љубов, со тоа што ќе обрнете внимание на некоја од овие работи или барем ќе се обидете да ја направите „штетата” помала...

6-raboti-koi-ja-pravat-vasata-vagina-tazna-1

Овој чувствителен дел ви овозможува огромно задоволство во текот на сексот, сама се чисти и подготвена е да ја промени својата големина кога ќе раѓате бебе. Па зарем не сметате дека е време да обрнете повеќе внимание на вашата вагина?

Ова е листата на работи кои вашата вагина воопшто не ги сака:

1. Велосипед

Дали ви се случило да почувствувате болка откако сте возеле велосипед? Таа болка е сигнал од вашата вагина, која јасно ви порачува дека седењето на седиштето на велосипедот кое не е убаво тапацирано, ги притиска нервите и крвните садови на препоните.


2. Облека за вежбање

Колку повеќе ја носите облеката во која сте вежбале, толку побрзо бактериите се размножуваат. Ако бактеријата се најде во вашиот вагинален канал, таа може да го измести балансот на микроби кои нормално живеат таму. Затоа пресоблечете ги хеланките и што побрзо одете под туш.


3. Шлаг и чоколадни преливи

Ако вашата фантазија или на партнерот се состои од тоа да го покриете целото тело со сладолед или шлаг, тогаш бидете внимателни и држете го лепливиот сируп што подалеку од вашите препони. Шеќерот може да предизвика разни инфекции, кои сигурно не сакате да ги добиете.


4. Премногу сапун

Дури и сапунот може да биде лош за вашата вагина. Гледајте што помалку да го користите, а ако веќе користите сапун, тој нека биде од оние со послаб мирис. Солта за бањање е одлична за рекаксација, но не и за здравјето на интимниот дел, па затоа такви купки правете поретко.


5. Тетоважа

Тетоважата блиску до вашето вагинално подрачје може да влијае повеќе на вагината отколку што си мислите. Тетоважата може да предизвика црвенило и воспаление, а кожата под струкот е многу чувствителна.


6. Бебешко масло наместо лубрикант

Ако ви се случува наместо лубрикант да ставите бебешко масло, тогаш знајте дека вашата вагина воопшто не е среќна. Лубрикантите на база на масло се доста лепливи и не можат туку така да се измијат, па можат да се најдат на вашиот вагинален канал подолго отколку што треба и така да предизвикаат инфекција. Затоа, одбирајте лубрикант на база на вода и силикон.  

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg