Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


11 пореметувања кои ќе ви се случат ако не пиете доволно вода

Хроничната дехидратација кај луѓето е многу почеста отколку што мислите, всушност, може и вие да патите од неа без да знаете.

11-poremetuvanja-koi-ke-vi-se-slucat-ako-ne-piete-dovolno-voda-01.jpg

Но, пред да се помирите затоа што мислите дека немате никаков проблем, размислете повторно.

Овие 11 симптоми ќе ве натераат веднаш да испиете уште една чаша вода, а потоа уште една...

1. Замор и недостаток на енергија

Дехидратацијата на ткивата влијае врз забавување на активноста на телото.


2. Прерано стареење

Телото на бебињата се состои од 80% течности, но овој процент опаѓа до 70% со текот на годините. Ако не пиете доволно вода, процентот значително може да се намали и тоа многу рано.


3. Дебелеење

Можеби јадете затоа што сте жедни, ништо чудно. Многу често чувството за жед се меша со чувството на глад.


4. Висок и низок крвен притисок

Волуменот на крвта не е доволен за целосно да го исполни целиот систем на артерии, вени и капилари.


5. Холестерол

Кога му недостасува вода, телото реагира така што овој недостаток се обидува да го надомести со произведување на повеќе холестерол.


6. Запек

Кога проџваканата храна оди во цревата задржува многу течности, што не и дозволува на столицата правилно да се обликува.

11-poremetuvanja-koi-ke-vi-se-slucat-ako-ne-piete-dovolno-voda-02.jpg

7. Проблеми со варењето на храната

Кај хроничната дехидратација се намалува лачењето на желудочни сокови кои помагаат во варењето.


8. Потешкотии со дишењето

Слузта за системот на дишење треба да е секогаш лесно влажна за да ни ги заштити дишните органи. Ако ви недостасува вода, тоа е невозможно.


9. Егземи

На телото му треба доволно течност за да може да се поти како што треба, затоа што на тој начин се ослободува од токсините кои во спротивно ја иритираат кожата.


10. Циститис, уринарни инфекции

Ако токсините сместени во урината не се доволно разредени, ќе ја нападнат слузокожата на уринарниот тракт.


11. Ревматизам

Со зголемување на токсините, се зголемува и болката во телото - толку е едноставно.

За телото нормално да функционира, здравите мажи би требало да пијат околу 3 литри, а жените околу 2.2 литри вода дневно.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Храна што го хидрира телото (и треба да ја јадете почесто) Кога ќе се спомене хидрирање на телото најчесто помислуваме на пиење вода. Но, о...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg