Како да пиете повеќе вода во текот на денот?

Од доктори, преку нутриционисти, до фитнес инструктори, сите постојано ни повторуваат дека треба да пиеме најмалку литар и половина вода во текот на денот.

kako-da-piete-poveke-voda-vo-tekot-na-denot-01.jpg

Сепак, колку и да звучи лесно, повеќето од нас не успеваат да внесат ниту 1 литар вода.

Додека едни мислат дека е невозможно, други често пати и ја забораваат чашата со вода.

Во која група и да спаѓате, овие 9 трикови ќе ви помогнат да се натерате да внесувате повеќе вода:

1. Додајте вкус

Да, водата знае да биде здодевна. Без вкус и мирис, речиси и да не ни претставува уживање. За среќа, постои паметно решение – додајте вкус. Можете да правите овошна комбинација по желба, а можностите се неограничени.


2. Каснете нешто луто

Можеби не сте голем љубител на лутата храна, но третина лажичка чили во вечерата може да ја удвои количината на вода која ќе ја испиете. Плус, научно докажано е дека лутата храна го забрзува метаболизмот и согорувањето на маснотии.

kako-da-piete-poveke-voda-vo-tekot-na-denot-02.jpg

3. Инсталирајте апликација

Пронајдете корисна апликација која ќе ве потсетува кога да се напиете вода. Water Your Body е една од најактуелните.


4. Имајте едно шише при рака

Факт е дека често пати заборавате да се напиете вода заради тоа што сте во гужва, брзање или на состанок, па немате многу време да мислите на своето тело. За да пиете барем 2-3 чаши повеќе вода, потребно е само да имате едно шишенце во чантата или на работното биро. Толку е едноставно.


5. Подгответе се за теретана

Дали сте забележале дека личностите кои трчаат на ленти секогаш имаат шише вода во рацете? Причината е едноставна – не мораат да застануваат со тренингот за да се напијат вода. Така и вие, би било добро во текот на тренингот да испиете барем 1 шишенце вода, по 2-3 голтки на неколку минути.


6. Мислете на паричникот

Кога ќе седнете во ресторан на вечера или ручек, нарачајте чаша студена вода. Освен што ќе го хидрирате организмот, ќе заштедите и пари затоа што во сите ресторани водата е бесплатна.

kako-da-piete-poveke-voda-vo-tekot-na-denot-03.jpg

7. Јадете дел од дневната количина на вода

Едноставно, постојат намирници кои се богати со вода и кои може да послужат како замена за една чаша. Слободно консумирајте краставици, дињи, целер, па дури и лесна супа.


8. Сметајте ја за предјадење

Пред да почнете со било кој оброк, испијте една чаша вода како предјадење. Освен што ќе ви го намали апетитот и ќе намалите некој килограм плус, оваа здрава навика несвесно ќе ве натера наместо 5, да испиете 8 чаши вода во текот на денот.


9. Вода и додека пиете алкохол

После секоја чашка алкохол, испијте една чаша вода. На овој начин телото ќе ви остане хидрирано, а воедно и ќе си го олесните мамурлакот.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg