Што ќе се случи ако престанете да се туширате?

Колку пати сте се вратиле дома преморени и веднаш сте фрлите во постела, оставајќи го туширањето за наредниот ден?

sto-ke-se-sluci-ako-prestanate-da-se-tusirate-01.jpg

На сите ни се има случено да прескокнеме едно или две туширања, но што би се случило ако во целост ја занемариме хигиената и сосема престанеме да се бањаме? Еве што дерматолозите имаат да кажат на тоа прашање.

Кога би престанале да се бањаме, со време на кожата би ни се наталожиле најразлични микроби, бактерии и вируси кои потоа би можеле да предизвикаат несакани проблеми.

На почеток најзагрозени ќе бидат нозете. Стапалата мора редовно да се мијат, бидејќи цел ден се „спакувани“ во чорапи и чевли, па без редовна хигиена може да настане опасна габична инфекција.

По стапалата, следни ќе настрадаат интимните делови. Препоните, пазувите и местата каде има многу потни жлезди мора редовно да се мијат бидејќи таму се собира потта и може да дојде до нивно затворање и воспалување. Покрај непријатниот мирис, кој настанува поради бактериите а не поради самата пот, би имале проблеми и со разни иритации и затоа овие делови треба редовни се мијат. Сепак, докторите препорачуваат да не се користат јаки сапуни.

На остатокот од телото нередовното бањате не остава веднаш последици, но после извесно време на кожата ќе почне да се таложи видлива нечистотија. Исто така, непријатниот мирис ќе стане буквално неподнослив.

Од друга страна, рацете мора редовно да се мијат.

Преку рацете се пренесуваат многу заразни и респираторни инфекции и затоа тие мора често и задолжително да се мијат. Најдобро е да се користи нежен сапун и после секое миење да се нанесе крем за раце, за да ги заштити од прекумерно сушење.

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg