Избегнувајте ги овие намирници ако сакате убави заби

Постојат намирници кои секојдневно ги консумираме а кои многу штетно влијаат врз здравјето на забите.

izbegnuvajte-gi-ovie-namirnici-ako-sakate-ubavi-zabi-01.jpg

Доколку сакате што подолго да ја задржите убавата насмевка, обидете се да не внесувате премногу леб, алкохол и газирани сокови а не би било лошо да го избегнувате и мразот, сувото овошје и бонбоните.

Скробот се претвора во шеќер

Кога ќе почнете да го џвакате лебот, ензимите во плунката веднаш почнуваат скробот да го претвораат во шеќер. Слична е ситуацијата и со тестенините. Освен тоа, и парченца грицки како чипс или переци може да останат заглавени меѓу забите и така да предизвикаат појава на бактерии во усната празнина.


Избегнувајте да имате сува уста

Пијалоците кои содржат алкохол го намалуваат создавањето на плунката која ги чисти забите од остатоци на храна и штетни киселини и на тој начин се надразнуваат непцата. Исто така, сувата уста го зголемува ризикот од настанување на болести. Правилниот проток на плунката го активира процесот на варење, ги пере остатоците од храна, ги отстранува бактериите и штити од иритации и инфекции на меките ткива. Пијалаците кои содржат кофеин, како чај, кафе и енергетски пијалоци исто така може да ја исушат устата.


Намалете со газирани пијалоци

На забите живеат бактерии кои се хранат со шеќер а газираните пијалоци се преполни со шеќер. Освен шеќер, газираните пијалоци содржат фосфорна и лимонска киселина која ја омекнува глеѓта, го поттикнува пропаѓањето на забите и го зголемува ризикот од кариес.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg