Бизарни велнес третмани

Врeмињата кога велнес третманите се сведуваа на масажа во атмосфера со тивка и релаксирачка музика и миризливи стапчиња помина, а во тренд...

 

... се егзотични третмани кои истовремено опуштаат и овозможуваат одредена доза на адреналин и забава.

Forbes-Traveller - познат магазин за патувања, објави попис на најбизарните велнес третмани во светот кои се намети за релаксација на оние со длабок џеб.

1. Јапонска купка без вода

Третманот кој потекнува од Јапонија се состои во бањање без користење на вода. Бланширан ориз и различни зачини се загреваат и ферментираат и на тој начин заедно ги отстрануваат отровите од телото.

Купката која смирувачки делува се произведува во Калифорнија, а состојките се увезуваат од Јапонија.

2. Дијамантска маска

Дијамантите и бисерите не служат само како накит, туку влијаат и на внатрешната убавина. Се нанесуваат на лицето во облик на маска, така што ги намалуваат брчките и ситните несовршености на кожата. Овој третман кој се нуди во хотелот Ritz Carlton во Флорида, чини 260 евра.

3. Масажа со топчина за голф

Лицата кои имаат проблеми со мускулите, веруваат во чудесното делување на голф - топчињата. Имено, спортските масажи допираат длабоко во мускулите, а се прават со загреани топчиња за голф.

Според Forbes, оваа масажа е најдобра во ланецот на хотели Four-Seasons, а со малку повеќе труд, може да се направи и во домашни услови.

bizarni-velnes-tretmani1


4. Масажа со змии

Иако лазење на змии по грб не звучи како авантура дури ни за најхрабрите, се работи за многу ефикасна масажа за опуштање. Најпрофесионално се изведува во северениот дел на Израел во велнес центарот Barak-Spa, каде наводно се уште немало непријатни или смртни угризи од змија.

Големината на змиите завии од типот на масажата, па така поголемите змии ги опуштаат напнатите мускули, додека помалите создаваат вибрирачки ефект.

bizarni-velnes-tretmani2


5. Кактуси и текила

Листовите од кактус натопени во текила претставуваат база за така наречената хакали масажа. Ја измислија мексиканците кои гарнатираат уживање и веруваат во релаксирачкото делување на алкохолот внесен и внатре, нанесен и од надвор.

Која е вашата омилена масажа?

Би можело да ве интересира:

Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Помалку познати симптоми на рак на дојка што е добро да ги знаете Ако забележувате исцедок од брадавиците, а не доите и не сте бремени, тогаш конс...
Храна и пијалаци што ќе ви помогнат ако се прејадете за време на празниците (ја намалуваат подуеност... Краставиците содржат висок процент на вода и го хидрираат телото, па може да пом...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...
Како да го дезинфицирате домот кога некој од семејството има грип? Откако болниот член на семејството ќе оздрави, препорачливо е да ги замените чет...

Најчитани неделава