Се откажала од шеќерот еден месец и комплетно си го променила организмот

Речиси и да нема човек кој може да одолее на слатките, тортите и чоколадите. Но дали знаете какво влијание има шеќерот на вашиот организам?

sto-kje-vi-se-sluci-ako-prestanete-da-konsumirate-shekjer-01.jpg

Откажувањето од него може да ви донесе големи придобивки, но за тоа ви е потребна силна волја и решителност.

Една жена иако била зависник од благо и не верувала дека ќе успее, решила да се обиде и да се откаже одреден период да не јаде ништо благо и ништо што содржи шеќер.

Прво се одлучила да ги исклучи енергетските пијалаци и кафето со кои само се залажувала дека се расонува и добива повеќе енергија.

Ова се петте придобивки кои таа ги почувствувала, а можеи и вие да ги имате ако се откажете од шеќерот:

1. Ќе бидете поенергични

Најчесто кога се чувствуваме уморни посегнуваме по шолјата кафе со неколку лажички шеќер со надеж дека ќе си ја вратиме изгубената енергија.
Но тоа не е така, всушност шеќерот е тој што не прави да се чувствуваме хронично уморни.

Ја блокира способноста на телото да ја сочува резервната енергија. Ќе направи промени првите 15-тина минути, но потоа повторно се враќате во истата уморна состојба и се така во круг се додека не ја намалите консумацијата на шеќер или се одлучите целосно да го исфрлите од исхраната.


2. Вашата тежина ќе се стабилизира

Шеќерот ве наведува да консумирате повеќе шеќер. Создава хемиска зависност, го провоцира чувството на глад и ве тера на прејадување. По изеденото чоколадо за ужина веројатно се чувствувате уште погладни од кога било. Нели?


3. Вашите дигестивни органи подобро ќе ја извршуваат работата

Доколку вашите органи би можеле да ви кажат што им пречи, веројатно би ве замолиле да престанете да внесувате шеќер.

Него можете да го замените со здравите влакна кои ќе ги добивате од овошјето и зеленчукот. Вашиот организам ќе ви биде благодарен. Метаболизмот ќе се забрза и многу бргу ќе ви се обнови цревната микрофлора.


4. Ќе престанете да сакате благо

Тоа е факт. Шеќерот ве тера да сакате повеќе благо. Исклучете го од вашата дневна исхрана и ќе забележите по некое време дека веќе и немате толкава потреба од крофни и торти.

Никој не вели дека целосно ќе си замине потребата, но во секој случај ќе се намали.


5. Вашата кожа ќе изгледа поздраво

Хроничниот вишок на глукоза во крвта како резултат на тоа што го дехидрира организмот севкупно, ја дехидрира и кожата.

Ако се чудите зошто кожата ви е сува и покрај тоа што секојдневно користите креми и млека за тела, одговорот веројатно лежи во тоа што имате вишок на шеќер во крвта.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg