Колку сте здрави: Допрете си ги градите наместо папокот

На социјалните мрежи се појавија неколку бизарни и нездрави трендови, а еден од најновите е допирање на папокот или во јазикот на медиумите, #bellybuttonchallenge. Како контра напад на него се јави нов предизвик #boobsoverbellybuttons.

nov-nacin-na-merenje-gradi-nasprem-papoci-01.jpg

Што се однесува до оној предизвик од минатата недела, добро знаете за што станува збор. Ја обвивате раката позади во долниот дел од стомакот и треба да успеете да го допрете папокот. Колку блиску стигате до него, тоа е знак за тоа колку сте здрави. Или добар начин за да се исфрустрирате и разочарате.

Започна на кинеската верзија на Твитер, но денес е прифатен и прегледан од 130 милиони луѓе.

Секако дека постои некаква врска меѓу здравјето и големината на стомакот. „Познато е дека зголемената половина е асоцирана со зголемен ризик од инфаркт“ - вели Сузана Штајнбаун, еден од кардиолозите и директор на болницата Ленокс Хил во Њујорк.

Сепак, тоа не значи дека треба да бидете способни да го допрете вашиот папок превиткувајќи ја раката преку целиот грб.

Така на другата страна, Британскиот бренд за долна облека Curvy Kate започна да ги потикнува своите клиенти да направат здравствен преглед на различен дел од телото.

Новата Инстаграм кампања #boobsoverbellubuttons ги охрабрува девојките ширум светот да прават проверка на своите гради и да откријат потенцијално нездраво ткиво.

Со само две минути проучување на вашите гради може да си го спасите вашиот живот.

Ова е прекрасна и позитивна кампања која ги поттикнува жените ширум светот да го прифатат својот изглед и да внимаваат на своето здравје пред тоа колку се слаби.

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg