Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 пијалаци кои се повкусни од водата, а се здрави како неа

Никој не ја оспорува важноста на водата за здравјето на човекот бидејќи таа е составен дел од нашиот организам и е неопходна за извршување на сите функции во телото.

4-pijalaci-koi-se-povkusni-od-vodata-a-se-zdravi-kako-nea-01

Но, нутриционистите напоменуваат дека оние кои пијат само вода имаат недостаток на хранливи состојки како антиоксиданси кои може да се добијат од другите здрави пијалаци кои имаат благонаклонето делување на организмот.

1. Зелен чај

Редовното пиење зелен чај го намалува холестеролот и крвниот притисок, го стабилизира нивото на шеќерот во крвта и штити од негативните влијанија на слободните радикали во телото. Новите истражувања покажуваат дека овој пијалак го штити мозокот, поточно го спречува изумирањето на клетките.

Главна причина за тоа е силен антиоксиданс. Треба да имате на ум дека најмногу позитивни придобивки може да добиете ако чајот го подготвувате од минимално исушени ливчиња кои содржат најмногу хранливи материи.


2. Кокосова вода

Кокосовата вода во последните неколку година станала апсолутен хит помеѓу личностите кои се обидуваат да живеат здраво. Особено е популарна по вежбањето кога претставува одличен извор на природни електролити како натриум, калиум, магнезиум, но без додаток на шеќери со кои изобилуваат спортските енергетски пијалаци.

Внимателно читајте ги декларациите при купување на ваквите пијалаци, бидејќи во индустриското производство се додаваат бројни адитиви кои ја намалуваат здравствената вредност на кокосовата вода.


3. Пиво

Со пиењето пиво се намалува ризикот од добивање болести како Алцхајмер или Паркинсонова. Поточно, оние кои пиеле по едно пиво дневно имаат 59 % помали шанси да добијат некоја од овие болести во однос на оние кои не пиеле алкохол. За ваквата појава најзаслужен е антиоксидансот ксантохумол  кој позитивно влијае и на кардиоваскуларниот систем.


4. Млеко

Овој млечен производ го следат многу контрадикторни карактеристики. Додека едни тврдат дека е одличен извор на калциум кој ги одржува здрави коските и забите, други го поврзуваат со зголемување на дебелината кај децата. Редовното пиење млеко го зголемува и нивото на глутатионот во мозокот.

Станува збор за моќен антиоксиданс кој го намалува изумирањето на клетките и предизвикува движење на слободните радикали. Најмногу корист се добива со пиење на млекото кое е добиено на органски начин со минимално процесирање.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Храна што го хидрира телото (и треба да ја јадете почесто) Кога ќе се спомене хидрирање на телото најчесто помислуваме на пиење вода. Но, о...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
4 чаеви со кои побрзо ќе ги излечите уринарните инфекции Сигурно веќе знаете дека е препорачливо да пиете увин чај за уринарни инфекции. ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg