Овошка која треба да ја јадете пред да се сончате

Богата со витамин А, Б, Е и многу минерали, а наменета е за сува и чувствителна кожа склона кон егземи и акни. Плус, успешно го спречува стареењето. Погодувате за кое овошје се работи?

ovoska-koja-treba-da-ja-jadete-pred-da-se-soncate-01.jpg

Кајсијата ја штити кожата на многу начини, па затоа се предлага нејзино секојдневно консумирање во периодот пред да се сончате.

Маслото од кајсии е честа и пожелна состојка во козметичките препарати за лице и тело, како и шампоните и маските за коса, затоа што дава мекост и еластичност на кожата и влакната на косата.

Се препорачува да јадете по барем 3-4 кајсии дневно ако сакате да ги спречите или залечите изгорениците од сонцето и да ги ублажите иритациите и чешавиците кои се задолжителна летна појава.

Смути кое може да го пиете секојдневно пред да се сончате:

  • 400g зрели и исчистени кајсии
  • ½ банана
  • Малку цимет
  • 150ml вода
  • Мраз

Ставете ги сите состојки во блендер, освен мразот, и мешајте 2-3 минути. Мразот додадете го на крај во чаша.

ovoska-koja-treba-da-ja-jadete-pred-da-se-soncate-02.jpg

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg