Вежбајте аква-аеробик

vezbajte-akva-aerobik-povekjeАеробикот во вода во последните неколку годни станува сé попопуларен бидејќи е научно докажано дека вежбањето во вода е неспоредливо поефикасно...

 

...од вежбањето во сала. Се што ви е потребно за овој вид аеробик е костим за капење, пешкир и желба да ја доведете својата линија до перфекција.

vezbajte-akva-aerobik

Предноста во споредба со другите физички активности е голема. Можноста за повреди е сведена на минимум, а експертите тврдат и дека ефикасно го намалува нивото на стрес бидејќи водата е идеална средина за опуштање и отсранување на напнатоста.

Еден тренинг аква аеробик обично трае околу еден час, а експертите препорачуваат пред тренингот да отидете во сауна за да ги исфрлите сите токсини од телото.

Им се препорачува на сите жени и мажи на било која возраст, на децата во развој, трудниците и на оние кои имаат проблеми со рбетот.

Со аква аеробик се вежбаат сите групи мускули, се зацврстува и обликува телото, а покрупните личности без проблем може да го практикуваат бидејќи не бара некоја претходна физичка подготвеност.

Ефектите се видливи после еден месец, доколку вежбате неколку пати неделно. Искулучителни се резултатите кај отстранувањето на целулитот.

Вежбите се изведуваат на работ од базенот, но и на средината, а инструкторот се наоѓа надвор од базенот за да ги демонстрира вежбите и правилното дишење.

Основен извор на енергија за овие вежби се масните наслаги на телото, така да многу брзо ќе ги изгубите вишокот на килограми.

Психолозите велат дека овој вид на рекреација е идеален за оние кои се срамат од своето тело и заради тоа не вежбаат во сала. Во водата никој не ги гледа па можат да вежбаат без дополнително оптеретување.

Би можело да ве интересира:

Суптилни симптоми на рак на јајници (кој се лекува многу полесно ако е рано детектиран) Крвавењето меѓу менструации и по менопауза обично е знак за некаков проблем, а н...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg