Главоболки предизвикани од клима уредите: Како да ги избегнете?

Речиси нема човек кој не ужива под клима, на 20тина степени кога надвор е најмалку двојно пожешко. Но, и ова уживање си има маана - главоболки.

glavobolki-predizvikani-od-klima-uredite-kako-da-gi-izbegnete-01.jpg

Повеќето клими ладат на температура од 18 до 20 степени, па неретко во просториите недостасува влажност. Тој недостаток на влажност понатаму предизвикува:

- Дехидратација

- Студенило кое предизвикува контракција на мускулите и крвните жили

- Температурни шокови

- Чувствителност на кожата

- Болни главоболки

- Сувост во очите

Прв чекор во решавањето на овие главоболки е да го идентификувате проблемот.

Дали ви пречи постојаното стегање на мускулите? Дали пиете доволно вода? Дали климата ви го суши воздухот?

glavobolki-predizvikani-od-klima-uredite-kako-da-gi-izbegnete-02.jpg

Најдобри резултати ќе постигнете ако ги комбинирате овие техники:

- Пијте многу вода.

- До вас секогаш имајте шише со распрскувач полно со вода и повремено пропрскувајте низ воздухот.

- Пијте или консумирајте доволно витамин Ц и работете на зајакнување на имунитетот.

- Не ја намалувајте температурата до минимум. 21 до 24 степени е сосема пријатна температура за работа. Секоја просторија под 20 степени предизвикува здравствени ризици.

- Прилагодувајте се кога излегувате надвор од климатизираната просторија. Порано исклучете ја климата или постојте неколку минути во просторија која не е толку разладена, па потоа излезете надвор.

- Не седете или стојте директно под климата, ниту пак свртени со грб кон неа. Во случај да не можете да го избегнете тоа, задолжително носете марама или наметка.

- Одржувајте ги синусите здрави. Распрашајте се за капки кои служат за превенција од воспаленија.

- Користете и капки за очи, односно обични вештачки солзи ако работите по 8 часа во климатизирана просторија.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg