9 утрински навики кои целосно ќе ви го променат животот

Од здравите тело и дух ве одвојуваат само неколку едноставни навики. Станува збор за навидум безначајни работи кои со текот на времето ќе ве натераат да се будите полни со ентузијазам и оптимизам.

10-utrinski-naviki-koi-celosno-kje-vi-go-promenat-zivotot-01.jpg

Ова се 9-те едноставни утрински навики, кои ќе ви го променат животот:

1. Секое утро започнете го со благодарност

Како им е на оние кои рано наутро не можат да ја слушнат птичјата песна? Како им е на оние кои не можат да ја видат светлината која доаѓа од сонцето?

Постојат многу работи на кои реално треба да сме благодарни и среќни, а добро е на истите да се потсетувате секое утро.


2. Топла вода со лимон и мед

Не само што ги будите сетилата со мирисот на свежиот лимон, туку и внатрешните органи. Го прочистувате желудникот и ги подготвувате цревата и црниот дроб за работа.


3. Придвижете ја енергијата во вас

Ние луѓето сме полни со енергија, а секоја енергија бара да биде придвижена затоа, секое утро важно е малку да повежбате да го размрдате телото и да се подготвите за денот.


4. Кренете го креветот

Гледајте на местењето на креветот како на здрава навика и мини медитација, не само што правите собата да ви изгледа поубаво, туку и во тој момент на тишина се релаксирате и бавно се подготвувате за стресот од денот.


5. Поздравете го светот

Не важно дали ќе сакате да ги изговорите токму овие зборови „Здраво свету“ важно е едноставно да излезете надвор и да се поврзете со околината, со сето она што се случува околу вас.


6. Почекајте барем еден час пред да го проверите телефонот

Дозволете му на умот полека, но сигурно да се разбуди и да бидете попродуктивни во текот на целиот ден. Со сигурност ќе чувствувате помалку замор во текот на денот.


7. Промивање на устата со масло

Ова е стара ајурведска техника која помага за подобрување на имунитетот, белеење на забите, зголемување на енергијата, намалување на инфекциите, балансирање на хормоните, чистење на кожата и ослободување од гингивитисот. Важно е само да не го голтате маслото, туку да направите гаргара и да го плукнете.


8. Појадувајте

Ова е работа која сте ја слушнале најмалку илјада пати, но е навистина важна. Ако не појадувате рано наутро, ќе бидете многу поглади напладне и ќе внесете повеќе калории.


9. Медитирајте

Доволно е да одвоите половина час да се обидете да го прочистите умот и да се подготвите за целиот ден.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како се пренесува, колку е опасен – Што треба да знаете за хантавирусот? Според сегашната процена на Светската здравствена организација, ризикот од епиде...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...

Најчитани неделава