Совет од експертите: Ако имате проблеми со стомакот внесувајте повеќе Д витамин

Често имате болки во стомачниот предел, имате проблеми со столицата или се чувствувате подуено? Малку лосос и сонце изгледа можат да ви помогнат да се ослободите од овие непријатни симптоми.

sovet-od-ekspertite-ako-imate-problemi-so-stomakot-vnesuvajte-povekje-d-vitamin-1.jpg

Едно ново истражување открива дека гастро-интестиналните проблеми се случуваат поради недостатокот на витамин Д.

Научниците откриле дека дури кај 82% од испитаниците кои го имаат синдромот на „нервозно“ црево - состојба која се карактеризира со стомачна болка, запек или дијареа и подуеност, имаат и недостаток на витаминот Д.

Она што не се сигурни е дали недостатокот на витаминот Д предизвикува појава на синдромот или ситуацијата е обратна, но знаат дека со покачување на нивото на витаминот Д во организмот симптомите се намалуваат.

Затоа:

Јадете храна богата со Д витамин

Масната риба како лососот, пастрмката, па и јајцата и печурките се збогатени со витаминот Д. Покрај нив истото важи и за јогуртот, бадемовото млеко и житариците.


Размислете за додатоци

Поголемиот дел од луѓето, посебно во текот на зимата, имаат недостаток на витаминот Д, па можеби добро е да се одлучите и за додатоци со кои ќе го покачите нивото.


Сончајте се

Секако сега немаме голема можност за тоа, но во потоплите месеци сонцето е најдобар извор на витаминот Д. Доволни ви се дури и 10-на минути.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Кои се најчестите видови артритис (и кои симптоми се јавуваат први)? Постојат многу видови артритис, но најчести се остеоартритисот и ревматоидниот а...
Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите? Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...

Најчитани неделава