6 тајни на луѓето кои никогаш не се разболуваат

Постојат луѓе кои никогаш не се разболуваат и сигурно се прашувате која е нивната тајна?

6-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat-01

Не, не станува збор за поседување на супермоќи, туку, тајната се крие во секојдневните навики кои им помагаат да си го сочуваат здравјето и да се изборат со вирусите во текот на целата година.

Со здрав имунолошки систем, човековиот организам може да се разболи еднаш до двапати годишно и тоа со полесни симптоми. Доколку некое лице многу често се разболува, мора сериозно да ги преиспита своите животни навики и да поведе сметка за зајакнување на својот имунитет.

1. Добро наспијте се

Истражувањата покажале дека лицата кои спијат осум часа, имаат дури трипати помали шанси да се разболат во однос на луѓето кои спијат помалку од седум часа на ден. Во текот на сонот, телото се одмора и го регулира нивото на хормонот одговорен за стресот, чие прекумерно лачење може да го направи организмот подложен на настинки.


2. Јадете разновидна и балансирана храна

На организмот му се потребни корисни материи и антиоксиданти за да може полесно да се избори со бактериите и вирусите. Консумирајте: сладок компир (бета каротен), цитруси и пиперки (витамин Ц), бадеми (витамин Е), црно грозје и вино (ресвератрол), и колку можете повеќе свеж зеленчук и овошје.


3. Поттикнете ја работата на цревата

Секојдневно во своето тело внесувате бактерии од надворешната околина, а некои од нив можат сериозно да го загрозат вашето здравје. Затоа е потребно да се консумираат пробиотици кои содржат добри бактерии кои ќе ви помогнат во текот на сезонскиот грип и настинките.


4. Мијте ги рацете во клучни моменти

Не мора да ги миете рацете на секои пет минути, туку, во одредени моменти - ова е од клучно значење: пред јадење, пред и по приготвување на јадењата, после одење во тоалет, после кашлање или кивање. Најдобар начин за тоа се вода и сапун (тријте го околу 20 секунди), но имајте и антисептик во чантата за моментите кога не сте во близина на вода и сапун.


5. Гушкајте се

Луѓето кои имаат поголема поддршка од драгите луѓе полесно се изборуваат со проблемите со кои се соочуваат и имаат помала веројатност дека ќе се разболат иако се изложени на вируси, бидејќи научно е докажано дека гушкањето го подобрува имунитетот.


6. Опуштете се

Едно истражување покажало дека јогата и вежбите за дишење можат да го подобрат имунитетот на организмот и на тој начин да се намали нивото на хормоните на стресот, одговорни за бројни здравствени проблеми.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои се најчестите видови артритис (и кои симптоми се јавуваат први)? Постојат многу видови артритис, но најчести се остеоартритисот и ревматоидниот а...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
Анкета на Клиниката за психијатрија под мотото „Спиј добро, живеј подобро“: 40% испитаници се соочув... Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да з...
Проблеми со спиење, анксиозност: Како ни влијае постојаната градска врева? Таканареченото звучно загадување се однесува на постојаната врева која е најприс...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg