Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Природен лек против менструални болки подобар од било која таблета

Менструалниот циклус кај жените постоел долго пред аптеките, во кои 24 часа дневно можеме да набавиме лекови против болки.

priroden-lek-protiv-menstrualni-bolki-podobar-od-bilo-koja-tableta-01.jpg

Токму поради тоа, народната медицина била единствена помош која ги отстранувала неудобните симптоми на ПМС, а ние ви го претставуваме оној кој најмногу делувал.

Едно истражување покажало дека 50% од жените имаат грчеви за време на месечниот циклус, од кои 10% доживуваат толку силни болки што поради нив тие не можат да ги извршуваат дневните активности.

Иако таблетите го решаваат овој проблем за половина час, природните лекови не се толку брзи, но можат да бидат подеднакво делотворни и поздрави – без било какви последици на желудникот и на целиот организам.

Еден од најстарите рецепти против менструалните болки, но и други непријатни проблеми како артритис, лоша циркулација и др. е оној со рицинусово масло.

Рицинусовото масло како лек против болки и воспаленија се користело уште во древен Египет и Грција. Во комбинација со топлина, тоа се активира и кожата го впива, како резултат на тоа, нервите и мускулите максимално се релаксираат и се намалуваат грчевите и болките.

Потребни состојки:

  • Рицинусово масло
  • Термофор
  • Памучна крпа


Начин на користење:

Намачкајте го долниот дел од грбот (подрачјето на стомакот и јајниците) со маслото во дебел слој. Потоа легнете на стомакот така што мрсниот дел на грбот ќе го покриете со памучната крпа. На неа, ставете го топлиот термофор и оставете да делува 15-20 минути.

Тргнете го термофорот од грбот и по потреба оставете ја крпата на вас за кожата да го впие целото масло. Оваа облога ќе ги ублажи симптомите, како што се грчевите и болките во стомакот.


Совети-плус:

1. Облогата исклучиво ставајте ја на грбот затоа што топлината на термофорот може да биде премногу агресивна за јајниците.

2. Маслото може да го намачкате и на стомак, но во тој случај, стомакот загрејте го само со крпа без термофор, и оставете да делува 20-45 минути.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли д...
Аневризма на мозокот - како да ја препознаете и кои се последиците ако пукне? Премногу силна главоболка е првиот знак за аневрзима на мозокот. На пациент со п...
Промена во големината на градите и уште 3 симптоми на менопауза за кои ретко се зборува Поради намаленото ниво на естроген, некои жени забележуваат дека во менопауза им...
Зошто се јавува жолт вагинален исцедок и кога да посетите гинеколог? Додека вагиналниот исцедок е нормална појава, важно е да ја следите неговата бој...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg