8 работи кои можете да ги излечите со лимон, сол и бибер

Комбинацијата на лимон, сол и бибер не само што може да ви послужи за зачинување на салатата, туку може да ја употребите и како лек.

8-raboti-koi-mozete-da-gi-izlecite-so-limon-sol-i-biber-01.jpg

Неколку работи можете да ги излечите со помош на оваа комбинација:

1. Воспалено грло

Болното грло можете да го излечите со една лажица свеж лимонов сок, половина лажичка бибер и лажичка морска сол во млака вода. Неколкупати дневно правете гаргара со мешавината и болката ќе исчезне.

2. Жолчни камења

Стврднатите депозити и дигестивни течности кои се формираат во жолчното кесе се познати како жолчни камења кои покрај тоа што можат да бидат хируршки отстранети можат да се лечат и со природни лекови. 3 лажици маслиново масло, 1 лажица свеж лимонов сок и бибер помагаат наутро да се ослободите од жолчните камења.

3. Ранички на устата

Една лажица хималајска сол со топла вода после секој оброк може да ви помогне да се ослободите од штетните бактерии и да ги лекувате раничките во устата.

4. Гадење и лошење

Гадењето можете да го избегнете со комбинацијата од бибер и лимон. Измешајте една лажица свежо цеден лимонов сок и лажичка бибер во млака вода. Пијте бавно сè додека не се чувствувате подобро.

5. Напади на астма

Оваа мешавина треба да ја чувате ако некој во вашето семејство е асматичен. Потребни ви се 10 зрна бибер, 2 каранфилчиња, 15 листови босилек и врела вода. Комбинирајте ги состојките и оставете ги да отстојат 15 минути, а потоа ставете ги во тегла и додадете две лажици мед. Смесата можете да ја чувате во фрижидер и до две недели.

6. Забоболка

Половина лажичка бибер и каранфилче ја лекуваат болката од забите. Исто така, важно е да избегнувате зашеќерена храна.

7. Настинка

Исцедете половина лимон во голема чаша со зовриена вода и додадете мед. Совршена комбинација за природно да се ослободите од грипот или настинката.

8. Крвавење од носот

Лимонов сок на памук ќе ви помогне да го спречите крвавењето.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg