11 трикови како да се храните здраво без постојано да броите калории
Уредувањето на кујната и сервирањето на храната може да ви помогнат да се храните здраво дури и без да обрнувате огромно внимание на тоа.

Брајан Вансинк и Чарлс Спенк, познати експерти од областа на психологијата на храна и однесувањето за јадење, објаснуваат дека средината која ве опкружува има огромно влијание на вашата желба за јадење.
Ова се советите кои тие ги имаат за вас:
1. Одржувајте ја работната површина секогаш чиста и уредна.

2. Со исклучок на овошјето! Секогаш имајте сад со овошје на работната маса.

3. И водата! Секогаш имајте на дофат апарат за вода, доколку е возможно.

4. Сите грицки, благо и останата храна чувајте ги во затворените елементи на кујната.

5. Фрижидерот организирајте го така што свежата храна ќе биде понапред, а обработената поназад (замотана во фолија или непроѕирна хартија).

6. Инвестирајте во чинии и садови во различни бои.

7. Исто така, купете и помали чинии.

8. Чувајте ги големите садови за сервирање за важни семејни настани.

9. Не јадете пред лаптопот или телевизорот, ниту пак додека зборувате на телефон.

10. Наместо тоа, јадете на трпезариска маса доколку ја имате, или на масичка подалеку од овие уреди.

11. Пуштете добра музика и уживајте во оброкот.

М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк?
Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите
Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“
„Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер
Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин)
Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“
По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
