10 начини како да се ослободите од мигрената без да пиете аналгетик

Мигрената се опишува како една од најчестите и најнепријатните болки кои се појавуваат кај луѓето.

10-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-migrenata-bez-pienje-analgetik-001.jpg

Главните карактеристики по кои може да ја препознаете се умерени или силни главоболки, мачнина, повраќање, преголема чувствителност на звуци и светлина...

Луѓето кои патат од вакви болки, често посегнуваат по силни аналгетици за да ја ублажат болката, но тоа понекогаш има и несакани последици како имуност на одреден лек или пречувствителност на желудникот.

Токму затоа, би требало да се обидете да ја намалите болката преку некој од следните алтернативните методи кои не вклучуваат земање на какви било таблети.

1. Сок од грозје

Истражувањата покажале дека сокот од грозје може да ја ублажи болката. Овој сок можете да го наравите и сами. Ставете во блендер свежо грозје и додадете малку вода и веќе имате здрав сок кој не содржи вештачки шеќери и конзерванси.

2. Јаткасти плодови

Голем број од јаткастите производи ја содржат супстанцата солицин која се користи во фармацевтската индустрија како значаен елемент на лековите против болка. Затоа, ако патите од чести мигрени, обидете се да ги ублажите јадејќи по една рака ореви или лешници на ден.

3. Ѓумбир

Ѓумбирот е познат како здрав зеленчук кој би требало почесто да биде на вашето мени. Сепак, за да биде делотворен при појава на мигрена би требало да го јадете свеж и необработен.

Постојат истражувања кои покажале дека коренот од ѓумбир го стимулира производството на липиди во клетките - соединенија кои учествуваат во изградбата на клеточните мембрани, во создавање на врски помеѓу клетките, во преносот на нервните импулси, во формирањето на резерви на енергија и заштитата на телото од механички повреди.

4. Мисиркино месо

Мисиркиното месо содржи триптофан - амино киселина од која се составени протеините и која го стимулира производството на допамин во мозокот. Допаминот е супстанца која праќа сигнали на задоволство и возбуда во мозокот.

Триптофанот, покрај тоа помага и во создавањето на серотонинот, хормон кој е од суштинско значење за релаксирање на телото, намалување на вознемиреноста, загриженоста и нервозата.

5. Природна мешавина на растенија

Ѓумбирот, нането и лутите пиперки може да помогнат во ублажувањето на главоболките. Овие три состојки измешани заедно и натопени во топла вода околу 15 минути, ќе ви дадат природен билен чај за болки.

Ако не сте љубител на чај, аналгетиците може да ги замените и со сок од лимон и лаванда. Оваа лимонада ќе го смири и намали интензитетот на болката.

6. Мали дози на кофеин

Иако поголеми дози на кофеин може да предизвикаат главоболки, малите количини на кафе или сок кој содржи кофеин, имаат способност да ја ублажат болката.

Напијте се кафе веднаш штом ќе ги почувствувате првите симптоми на мигрена, но не претерувајте, бидејќи повеќе кофеин може да ја влоши болката.

7. Масажа на вратот и главата

Лесната масажа на вратот и главата ќе го стимулира протокот на крв во мозокот, што помага да се опуштите и да се намали болката. Ваквите масажи можете да ги доверите на некој професионалец, но можете да ги направите и самите дома.

8. Стимулација на одредени точки на телото

Денес, голем број експерти се занимаваат со ова прашање. Се верува дека секоја точка на телото, игра улога во регулирањето на било какви здравствени проблеми. За почеток, посетете специјалист, а потоа ќе бидете во можност и сами да си помогне, бидејќи вие најдобро го познавате вашето тело.

9. Терапија топло – ладно

Загревањето или ладењето на болните места, може да помогне да се ублажат тегобите. За да дознаете дали во текот на мигрена повеќе ви одговараат топли или ладни облоги, испробајте ги и двете опции.

Ако го загревате болното место, мускулите на истото, ќе се опуштат и болката ќе се намали. Од друга страна, ладните облоги може да ги умртват деловите на телото каде болката е најголема, што е, се разбира, привремено решение.

10. Затемнета просторија

Мигрената дополнително ја вложуваат сензорните дразби. Светлината е една од најнепожелните. За да ја олесните болката, затемнете ја собата колку што е можно повеќе. Ако треба да се движите надвор, носете темни очила за сонце.

Леќите исто така може да ги заштитат очите од светлината, но за да не погрешите, најдобро е прво да се консултирате со експерт.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg