Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Зошто не треба да пиете по 2 литри вода дневно?

Постои мислење дека луѓето треба во просек да пијат по 2,5 литри чиста вода на ден, секако во зависност од нивната телесна тежина и физичка активност.

Zosto-ne-treba-da-piete-po-2-litri-voda-dnevno-01

Сепак Арон Керол, педијатар, е човекот кој на некој начин го демантира ова тврдење кое постојано се врти низ медиумите.

Тој смета дека не постојат научни докази кои го потврдуваат ова тврдење.

Сепак препораките за пиење поголема количина вода делуваат. А тоа е така бидејќи предизвикуваат страв: ако организмот не добива доволно вода, почнуваат да се појавуваат сериозни здравствени проблеми.

Медицинското сисание “BMJ„ пред девет години објави список на популарни митови за здравјето во кои сите веруваат. Митот за 8 чаши вода на ден се најде на првото место.   

Препораките за 2,5 литри вода на ден се точни, навистина и тоа е количината која на телото му е потребна. Сепак поголемиот дел од оваа вода се наоѓа во храната, овошјето, зеленчукот, соковите, чајот или кафето кои ги консумираме.

Ако ретко добивате желба да се напиете вода и се грижите дека нешто не е во ред воопшто немате причина за тоа: организмот ќе почне да ви дава знаци за тоа многу пред во телото да настане целосна дехидрација.

Потврдени докази за тоа дека што повеќе вода пиеме толку ќе биде нашата кожа почиста а бубрезите поздрави навистина не постојат. Преголемата количина вода може всушност да биде и штетна за бубрезите, терајќи да работат многу повеќе од нормалното.

Она што е уште полошо е дека прекумерниот внес на вода во телото може да предизвика несоница, особено ако пиете две-три чаши пред спиење.

Пиењето на поголема количина вода е корисно само тогаш кога нашето тело, од која било причина, нагло ја губи: за време на болест, при прекумерно потење или при зголемена физичка активност.

Затоа ако чувствувате жед слободно напијте се вода, а ако не чувствувате воопшто не ни помислувајте на тие „задолжителни“ 8 чаши кои мора да се испијат.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg