Јога вежба со која ќе заборавите на болките во грбот

„Предолгото седење, во одредени ситуации може да биде многу поопасно и од пушењето“ – вели д-р Џејмс Левин.

Joga-cucnuvanje-koe-kje-ve-oslobodi-od-bolkite-vo-grbot-predizvikani-od-dolgo-sedenje-01.jpg

Предолгото седење, најчесто во неправилна положба, може да предизвика болки во грбот и половината, но и во вратот, колената и нозете.

Тоа е исто така причината, заради која доаѓа до таложење на масните наслаги во делот на бутовите, стомакот и задникот.

Правилото вели дека на секои 20 минути седење, би требало да станете и да се размрдате.

Следнава јога положба е одличен начин да го опуштите телото и да ги намалите болките во вратот и грбот:

joga-cucnuvanje-koe-kje-ve-oslobodi-od-bolkite-vo-grbot-predizvikani-od-dolgo-sedenje-02.jpg

Застанете така што стапалата целосно ќе лежат на подот.

Пeтите се свртени една кон друга, додека прстите се благо отворени кон надвор.

Растојанието меѓу петите е околу две дланки.

Колената се раширени.

Задникот е спуштен што поблиску до подот.

Грбот е исправен.

Главата ја следи линијата на ’рбетот и исправена со погледот насочен напред.

Лактите се поставени така што ги допираат внатрешните страни на колената.

Постепено со лактите туркате и ги отворате колената до позицијата до која се чувствувате удобно.

Внатрешните делови на бутините ги притискате кон страничните делови на телото.

Дланките се споени во пределот на градите.

Останете во оваа положба колку што можете подолго, на почеток 30-40 секунди, а потоа зголемувајте го времето.

За целото ова време, внимавајте грбот да ви биде исправен и правилно да дишете.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg