Во кечапот нема свежи домати: Што мислиме дека јадеме, а што реално купуваме?
Секој ден во кошничката се наоѓа по некој чипс, еднаш во месецот сигурно купувате кечап, а по желба и сурими стапчињата се наоѓаат на трпезата.

Но, што реално јадеме?
Што мислиме дека купуваме, а што навистина има спакувано во производите?
На пример, во кечапот тешко дека ќе најдете свежи домати...
Во мало пакетче чипс има малку повеќе од 1 компир

Во чипсот со средна големина има малку повеќе од 3 компири

Во екстра големите чипсови има околу 6 компири

Во „свежиот сок од портокал“ има концентрат од портокал и максимум 2 парчиња свежо овошје

Во кечапот нема свежи домати, туку разредена паста од домати. (Пастата се прави со претходно варење и дехидрирање на доматите, при што губат голем процент од хранливите вредности)

Во сурими стапчињата нема месо од ракчиња, туку ситно мелена риба

Уште еднаш размислете - што купуваме и што ли јадеме?!
М. Д. | Црнобело
