Дали спиете правилно?

Во просек, луѓето поминуваат околу 25 години од својот живот во кревет, што е навистина многу долг период за да спиете неправилно.

Dali-spiete-pravilno-03

Дали знаете дека неправилната положба за време на спиењето, влијае на голем број од проблемите поврзани со болки во грбот и половината?

За телото да може да се одржи во правилна положба, потребно е пред сè да имате соодветна перница.

Неправилната положба на главата и вратот, сериозно влијаат врз ’рбетниот столб и целото тело.

Доколку спиете на страна, идеалниот број на перници е 2, за разлика од спиењето на грб, за што ви е доволна само една перница.

Dali-spiete-pravilno-02

Тоа значи дека при спиењето на грб, брадата и телото би требало да формираат прав агол.

Dali-spiete-pravilno-03

Друг важен елемент за правилно држење на телото е креветот.

Иако секој од нас има различни преференции кога е во прашање големината, тврдоста или мекоста на креветот, сепак е важно да се има предвид дека постојат неколку важни правила при изборот на душек.

Dali-spiete-pravilno-04.jpg

Душекот треба да биде доволно тврд за да го одржи прав ’рбетниот столб и да спречи какво било непријатно извиткување на телото.

Исто така, ако душекот ви е стар и веќе во него се создала вдлабнатина од вашето тело, време е да го замените за нов.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg