Чудни психолошки начини за да се ослободите од стресот

Чувствувате како ви бегаат мислите, концентрацијата ви попушта, чувствувате внатрешна непријатност, паника?

Psiholozite-sovetuvaat-8-nesekojdnevni-nacini-za-osloboduvanje-od-stresot-01

Ова се вообичаените симптоми кои покажуваат дека една личност се наоѓа под дејство на стрес.

Стресот е нешто кое колку и да се обидуваме, не можеме да го избегнеме, но затоа можеме да научиме како да се соочиме со него и да не му дозволиме да управува со нас и што е полошо со нашето здравје.

Психолозите покрај добро познатите начини за справување со стресот, наведуваат и некои кои слободно може да се класифицираат како неконвенционални, бидејќи начинот на кој тие го намалуваат стресот е навистина многу поразличен од сето она кое сте го чуле досега. 

1. Чешлање

Во текот на работниот ден, заради долгото седење, нашите мускули се напнати, при што во одреден момент главата ни станува премногу тешка и започнува да нè боли. Еден од начините за избегнување на стресот е чешлање на косата во времетраење од 10-15 минути. Оваа постапка помага да се „активира“ крвта и да се ослободат мускулите.

2. Храна

Вкусната храна може да биде одличен начин за справување со стресот. Масните риби, кои се богати со омега-3 масни киселини се мошне корисни за нервниот систем. Ако не сте љубители на риба, слободно каснете сладолед или банана. Овие намирници се многу подобри од антидепресивите.

3. Протривање на дланките

Оваа постапка е уште еден начин да се ублажи напнатоста и да се избегне стресот. Кога ќе почувствувате напнатост, само силно протријте ги дланките додека не почувствувате топлина. Исто така, корисно е да ги протриете ушите. На овој начин брзо ќе се вратите во форма и ќе успеете да се фокусирате.

4. „Измијте“ го стресот

Туширањето е уште еден од начините кој ќе ви помогне да се опуштите и да заборавите на стресот. Застанете под топлиот млаз така што тој ќе ви ги масира главата и рамената. За кратко време, ќе почувствувате како водата ја носи со себе целата непријатност.

5. Боење

Психолозите откриле дека боењето боенка, дури и 5 минути на ден, во периоди на зголемено ниво на стрес, за 5 пати ги зголемува шансите да се смирите и да ги завршите обврските навреме.

6. Чај од хибискус

Зголемувањето на слободните радикали предизвикува чувство на паника и анксиозност кај луѓето. Хибискусот не дозволува нивна акумулација и ги разводнува, при што ве ослободува од стресот, без да предизвикува малаксаност.

7. Средување

Распоредувањето на работите на своите места ќе ви помогне да се фокусирате и да ги организирате мислите. Освен тоа, уредните полици, фиоки и плакари даваат позитивен психолошки ефект – надворешната среденост и организираност, несвесно се пренесува и на сопствениот живот.

8. Танцување

Едноставно пуштете музика и танцувајте низ дома. Без да вложувате некој посебен напор, на вашето лице брзо ќе се појави насмевка, а и ќе ги потрошите вишокот калории кои сте ги наталожиле.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не ми е пријатно кога сум помеѓу луѓе - мислам дека ќе кажам нешт... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg