Кога главоболката не поминува: 14 начини за природно лечење

Главоболката како хронична или акутна болка, е една од најчестите болки кои ги чувствуваме.

koga-glavobolkata-ne-pominuva-14-nacini-za-prirodno-lecenje-001.jpg

Се појавува поради различни причини, како што се стеснувањето на крвните садови во вратот и главата, недостаток на кислород во мозокот, вкочанети мускули во горниот дел од телото, претерана активност на мускулите, недостаток на глукоза, оптеретување на очните нерви или воспаление на синусите.

Со цел да ги минимизирате или целосно да ги елиминирате болките, без консумација на штетни лекарства, ви ги предлагаме следниве едноставни и корисни трикови:

1. Пијте повеќе вода. Звучи едноставно, но, голем број од главоболките се предизвикани од дехидратација.

2. Масажа на главата. Истражувањата покажале дека масирајќи го тилниот нерв (долниот дел од главата, каде што завршува тилната коска) главоболката се намалува за цели 70%.

3. Притиснете ја точката на раката која се наоѓа помеѓу вашиот палец и показалец. Масирајте го местото умерено две минути, и потоа префрлете се на другата рака.

4. Истегнете се. Како што напоменавме погоре, главоболките се често предизвикани од тензија во мускулите. Едноставните вежби за вратот и грбот ќе помогнат во ослободување на мускулната тензија, односно елиминирање на главоболката.

5. Јадете овошја кои содржат многу вода. Доколку вашата главоболка е предизвикана од дехидратација, ова е сладок начин кој ќе ви помогне преку хидратација на цело тело, да се чувствувате подобро.

6. Нанесете ментол на горниот дел од телото и главата, а потоа благо масирајте околу пет до десет минути. Дејството на ментолот се покажало многу корисно во забрзување на крвотокот, а оттаму се поттикнува и активирање на крвните садови во мозокот, односно дополнителен кислород кој делува благотворно против главоболката.

7. Дишете длабоко. Кога чувствувате болка, вашето тело е под стрес. Длабокото вдишување ќе ви помогне да се релаксирате и да ја ублажите тензијата.

8. Напијте се чаша кафе. Главоболките можат да бидат предизвикани и поради ширење на крвните садови. Кофеинот делува спротивно, ги стеснува крвните садови и ги доведува во нормална големина.

9. Растворете малку јаболков оцет во чаша вода и додадете сок од лимон. Јаболковиот оцет помага да се врати нормалната киселост и алкалната рамнотежа на телото, која може да биде причина за болки во главата.

10. Напијте се чај од ѓумбир. Ѓумбирот има анти-воспалителни дејства кои ќе ви помогнат во напнатоста во вратот и мускулите.

11. Ставете малку мраз на слепоочниците. Артеријата која носи крв до обвивката на мозокот се наоѓа токму околу овој дел. Кога имате мигрена, обвивката се воспалува, и намалувањето на нејзината температура со овој трик ќе ви помогне за нејзино ублажување.

12. Истуширајте се со топла вода. Топлата вода ќе ви помогне да ја опуштите мускулатурата.

13. Изедете нешто зачинето со чили или црвен мелен пипер. Овие зачини содржат капсиацин, кој делува благотворно на толеранцијата кон болката.

14. Медитирајте. Фокусирајќи го вашето внимание на нешто друго и регулацијата на вашето дишење исто така може да ви биде од голема корист за ослободување на болката во главата или телото.

И. И. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...

Најчитани неделава