8 работи кои здравите луѓе ги прават секој ден

Сите ние добро знаеме дека одржувањето на добро здравје е процес кој трае до крајот на животот. Тоа можете да го постигнете, како за почеток, со мали секојдневни навики.

8-raboti-koi-zdravite-lugje-gi-pravat-sekoj-den-01.jpg

Експертите велат дека овие мали навики треба да ги земете по примерот на оние кои се секогаш во форма и со добро здравје.

8 работи кои здравите луѓе ги практикуваат секој ден:

1. Си легнуваат во 10 часот

Ако не спиете доволно, ризикувате сериозно да си го оштетите здравјето, но исто така важно е и кога легнувате. Истражувањата покажуваат дека најоптимално е да си легнете во 10 часот.

2. Дишат длабоко

Медитација или длабоко дишење - не е важно што ќе правите, важно е барем еден краток период од денот да го правите тоа за да си го подобрите здравјето. Докажано е дека оваа навика не само што ве релаксира, туку и ви го намалува шеќерот, нивото на хормони на стрес и ви го подобрува имунитетот.

3. Се поврзуваат со другите луѓе

Луѓето со квалитетни врски живеат подолго, посреќни се и поздрави, општо. Важно е да поминувате време со пријателите и семејството за да се ослободите од стресот.

4. Јадат јаткасти плодови

Секој барем еднаш во текот на денот мора да посегне по грицки за да го задоволи апетитот до следниот оброк. А, многу е важно што одбирате за грицкање. Најдобра опција ви е да јадете јаткасти плодови како ореви, индиски ореви, лешници...

5. Внимаваат на седењето

Сите знаеме дека е многу важно да вежбаме за да останеме здрави,, но тоа не го менува фактот дека повеќето од нас работат во канцеларија по 8 часа дневно и истите ги поминуваат во седење. Важно е да правите повремени паузи, бидејќи долгото седење исто така, сериозно може да го наруши вашето здравје.

6. Се смеат

Смеата ве ослободува од стресот, ве релаксира и ги покачува нивоата на ендорфини во крвта. Едно истражување на постари личности покажува дека оние кои се смеат имаат пониски нивоа на хормонот на стрес и имаат подобрена меморија.

7. Готват

Многу е важно да внимавате што јадете, а домашно зготвената храна, добро знаеме, дека е далеку поздрава и корисна од брзата.

8. Излегуваат надвор, почесто

Колку повеќе време поминувате надвор, толку повеќе имате витамин Д во крвта кој е најважен за здрави коски и ментално здравје. Дури и кратките прошетки можат да ви помогнат да си го подобрите здравјето, да се чувствувате посреќни и поисполнети. 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg