7 секојдневни навики кои му наштетуваат на здравјето

Тешко е да се ослободите од лошите навики. Уште потешко е да ги тргнете од главата оние навики за кои мислите дека се добри, а ви предизвикуваат повеќе штета отколку корист.

7-sekojdnevni-naviki-koi-mu-nastetuvaat-na-zdravjeto-1.jpg

Ова е листа на секојдневни навики од кои морате да се ослободите:

1. Запирање на кивањето

Затворањето на устата и носот при кивање може да предизвика главоболка, оштетување на крвните садови, па дури и проблеми со слухот.

7-sekojdnevni-naviki-koi-mu-nastetuvaat-na-zdravjeto-2

2. Користење парфем

Иако точниот состав на парфемите е деловна тајна, во парфемите меѓу другото се користат и синтетички супстанции. При вдишување тие можат да предизвикаат вртоглавица, гадење и иритација на кожата и очите.

7-sekojdnevni-naviki-koi-mu-nastetuvaat-na-zdravjeto-3.jpg

3. Чување на храна во пластични садови

Составот на повеќето пластични кутии вклучува вештачки хемикалии за да се задржи флексибилноста на пластиката. Лекарите препорачуваат храната да се чува во керамички или стаклени садови.

 7-sekojdnevni-naviki-koi-mu-nastetuvaat-na-zdravjeto-4.jpg

4. Миење на забите веднаш после јадење

Лекарите препорачуваат четкањето да биде најмалку 30 минути до 1 час после оброкот. Во спротивно може да дојде до уништување на забната глеѓ и до чувство на хиперсензитивност.

7-sekojdnevni-naviki-koi-mu-nastetuvaat-na-zdravjeto-5.gif

5. Користење на антибактериски сапун

Површината на нашата кожа претставува дом и на некои корисни бактерии кои вршат заштитна функција на телото. Честото користење на антибактериски сапун предизвикува стерилизација и со тоа ја отвора вратата за штетните бактерии.

7-sekojdnevni-naviki-koi-mu-nastetuvaat-na-zdravjeto-6.jpg

6. Носење тесни фармерки

И покрај тоа што се во мода, тесните фармерки постојано вршат притисок врз кожата и нервите. Поради ова, се појавува постојано чувство на непријатност кое може да предизвика проблеми со нервниот систем.

7-sekojdnevni-naviki-koi-mu-nastetuvaat-na-zdravjeto-7

7. Пиење свеж сок секој ден

Не секој знае дека овошниот сок е корисен, но само во мали количини. При болести, ваквиот сок може да предизвика и сериозни проблеми. На пример киселите сокови (јаболко, лимон, брусница и сл.) не се препорачуваат за луѓето кои страдаат од чирови.

7-sekojdnevni-naviki-koi-mu-nastetuvaat-na-zdravjeto-8.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg