5 причинители на непријатни гасови (а, не се храна)

Гасовите во телото често немаат мирис и не се поврзани со варењето, односно храната која ја внесуваме во организмот.

5-prichiniteli-na-neprijatni-gasovi-a-ne-se-hrana-1.jpg

Ако ја изоставиме храната и пијалаците, 5-те главни причинители за појавата на непријатни гасови се следните:

1. Лекови

Многу лекови предизвикуваат сувост на устата, што може да ја зголеми количината на воздух која пристига во желудникот. Ако земате лекови, распрашајте се дали меѓу споредните ефекти спаѓа и сувост на устата. Ако ве мачат гасови, тогаш консултирајте се и со докторот околу можноста да го замените лекот кој моментално го користите со некој кој има помалку несакани дејства.

5-prichiniteli-na-neprijatni-gasovi-a-ne-se-hrana1_copy.jpg

2. Гума за џвакање

Додека џвакаме мастика, голтаме многу повеќе воздух од вообичаено, што, пак, доведува и до позачестено подригнување и испуштање гасови. Гумата за џвакање може на краток рок да ви помогне доколку сте гладни или под стрес, но веројатно не сакате да го поминете цел ден полни со гасови. Воедно, засладените гуми за џвакање се лоши и за забите. Заради тоа, не претерувајте со џвакањето мастики и ќе ја намалите можноста за создавање непријатни гасови во организмот.  

5-prichiniteli-na-neprijatni-gasovi-a-ne-se-hrana2_copy.jpg

3. Пиење со цевка

Кога пиете низ цевка, тоа е исто како обратно да дувате балон. Додека ја всисувате течноста преку цевката, во стомакот внесувате и воздух, создавајќи совршени услови за настанување на гасови. Затоа, најдобро е да го пиете омилениот пијалак директно од чаша.

5-prichiniteli-na-neprijatni-gasovi-a-ne-se-hrana3_copy.jpg

4. Пушење цигари

Пушењето е мошне слично на пиењето со цевка. Кога вдишувате дим од цигарата, голтате и воздух - и гасови. Ова не се однесува само на обичните цигари, туку и електронските. Како и да ги свртите нештата, пушењето е штетно за здравјето, во секој поглед.

5-prichiniteli-na-neprijatni-gasovi-a-ne-se-hrana4_copy.jpg

5. Пиење од шише

Начинот на кој луѓето ги поставуваат усните околу отворот на шишето, наспроти тоа како пијат течности од чаша или шолја, исто така е поврзан со создавањето гасови. Доколку сакате да го намалите подригнувањето, тогаш престанете да пиете од шише.

5-prichiniteli-na-neprijatni-gasovi-a-ne-se-hrana5_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава