Кремаст појадок кој спречува појава на многу болести

Германската биохемичарка Јохана Будвиг открила начин на детектирање на маснотиите во крвта и ја сфатила важноста на есенцијалните масни киселини.

Budviova-pasta-Pojadok-koj-sprecuva-pojava-na-mnogu-bolesti-01

Врз основа на овие свои откритија развила метода со која им помага на луѓето да го урамнотежат нивото на електролити во организмот и да спречат појава на многу болести.

Нејзиниот лек се состои во крема која се консумира секое утро веднаш по будењето, а се состои од семе од лен, цедено масло од ленено семе и свежа кравја урда.

Ова е рецептот за нејзина подготовка:

  • 4 лажици свежа урда
  • 2 лажици органско ленено масло
  • 1 лажица ленено семе
  • овошје и јаткасти плодови, по желба

Начин на подготовка:

Во сад ставете ја свежата урда, прелијте ја со ленено масло и добро измешајте со миксер додека не добиете кремаста структура.

Во кремата додадете го лененото семе кое претходно сте го сомлеле.

Измешајте ги состојките со рака, па доколку сакате додадете парчиња овошје како банана, слива, шумски плодови и јаткасти плодови како ореви и бадеми.

Кремата се јаде најдоцна 20 минути откако ќе ја подготвите.

Budviova-pasta-Pojadok-koj-sprecuva-pojava-na-mnogu-bolesti-02

Важни работи кои треба да ги знаете:

1. Лененото семе лесно се расипува, па треба да го чувате во фрижидер пред употреба.

2. Најдобри резултати се постигнуваат доколку лененото семе го мелете непосредно пред употреба, бидејќи 15 минути после мелењето тоа губи голем дел од неговите корисни својства.

3. Не ја јадете Будвиговата крема со други извори на белковини и масти, туку како посебен оброк.

4. Не подготвувајте поголема количина од ова крема и не ја користете како подоцнежен оброк.

5. Будвиговата крема може да ја користат и лица кои имаат рак или некои други сериозни болести, но претходно потребна е консултација со лекар.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Зошто веројатно не внесувате доволно омега 3 масни киселини (и колку ви штети на здравјето)? Многу луѓе не јадат доволно храна со омега 3 масни киселини, како лосос или чиа ...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...
Обилен оброк, инфаркт или чир на желудник: Можни причини зошто имате киселини Ако киселините не ви поминуваат, ги забележувате почесто или стануваат поинтензи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg